Топ Новости

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и Богданци

Среда, 04 Декември 2019

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од денешната агенда на заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, каде оствари средби со градоначалниците Саше Поцков и Блаже Шапов. На средбите со градоначалниците се разговараше за тековните проекти поддржани од Владата и Министерството за локална самоуправа во изминатата година преку Програмата за рамномерен регионален развој и програмата за прекугранична соработка.

На средбите се разговараше околу реализацијата на проектот за изградба на фекален колектор со Пречистителна станица за отпадни води во гевгелиското село Моин,изградбата на спортско рекреативниот центар Динќут во Гевгелија, регулацијата на коритото на Сува Река кое е во тек, за ревитализација на патот Богородица – Стојаково, како и за реконструкција на неколку улици во селата Стојаково и Селемли во Општина Богданци.

- „Годинава од Министерството за локална самоуправа, преку програмата за рамномерен регионален развој поддржани се 16 проекти од Југоисточниот плански регион со 48 милиони денари од кои, конкретно за Гевгелија и Богданци од буџетот биле издвоени 55 милиони денари“, рече Павлески.

Павлески потенцираше дека интенција на Владата и Министерството за локална самоуправа останува поттикнувањето на рамномерниот регионален развој и поддржувањето на реални проекти кои обезбедуваат подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Заменик министерот Дејан Павлески укажа на новите можности што се отвораат за општините преку неколку проектни линии што ги обезбедува Министерството за локална самоуправа. Притоа, посебно се осврна на најавената децентрализација потсетувајќи на заложбата на ЗЕЛС за зголемена наплата на данокот на имот во сите општини.
- „За таа цел со УСАИД веќе работиме на заеднички проект за јакнење на капацитетот на општините за зголемен прилив на средства од локалните даноци преку преоценка на наплатата на данокот на имот. Исто така, зајакнувањето на финансискиот капацитет на општините ќе се спроведува и преку новите методи за пресметување на ДДВ. Паралелно со ова ќе се настојува да се зголеми и вклученоста на граѓаните за која цел се неопходни промени во статусот на месните заедници“, истакна Дејан Павлески, најавувајќи дека во наредната година може да се очекува децентрализација на дел од надлежностите во земјоделството, културата и социјалната заштита.


Last modified on Среда, 04 Декември 2019 - 20:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.