Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Замена на дотраените подови во Детските градинки во Гевгелија, Миравци и Негорци

Вторник, 17 Декември 2019

Јавната општинска установа „Детска радост“ од Гевгелија со сопствени средства, блок дотации од републичкиот преку општинскиот буџет одвои наменски влог за замена на сите стари подови во детските градинки во Гевгелија и клоновите во Негорци и Миравци.
Станува збор за површина од 2.660 метри квадратни дотраен под од паркет кој се заменува со современи материјали, ламинат. Веќе е извршена комплетна замена на подовите во просториите на детските градинки „Детска радост“, „Сончогледи“ и „Цветови“ во Гевгелија, а од следната недела ќе започнат санационите работи во Миравци. До крајот на месецот нов под ќе добие и детската градинка во Негорци.

Ова е прва санација на подните облоги во детските градинки низ Општината од нивното отварање 1961 година. Факт кој во целост ја оправдува инвестицијата на оваа јавна општинска установа наменета за згрижување на најмалите членови од нашата заедница.
- „Единствено не е вршена замена на подот во градинката во Богородица, бидејќи е нова и е изградена во 2014 година. Со ваквиот потег значително ќе се подобрат хигиенските услови, ќе се заштеди енергија и ќе се создадат многу поповолни услови за престој на децата“, вели директорката на ЈОУДГ „Детска Радост“ Елизабета Стојменова.

Во текот на годината која изминува во централната детска градинка во Гевгелија и во детската градинка во Негорци беше извршена целосна замена на столаријата, за што оваа општинска установа одвои 7,3 милиони денари сопствени средства. Исто така, во централната градинка, како и во градинките „Сончогледи“ и „Цветови“ комплетно беа реновирани тоалетите, а во сите детски градинки извршено е опремување и климатизирање на сите простории. Со новите изведби за замена на подот и набавената опрема, креветчиња, душечиња, постелнини за отврарање на јаслени групи во Миравци и последната инвестиција за замена на дотраениот под со нов, инвестициониот влог на ЈОУДГ „Детска радост“ надминува 10 милиони денари наменети за подобрување на престојот на децата во градинките низ општината.

Градоначалникот на Општина Гевгелија под чија надлежност се одвива дејноста згрижување на децата, при обиколка на градинките изрази задоволство од изведените работни зафати и најави проект за доградба на детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, како и настојување на Општината во најскоро време да се отвори и да профункционира клонот на детската градинка во Прдејци.


Last modified on Вторник, 17 Декември 2019 - 17:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.