Топ Новости

Се запали електричен кабел на бандера кај ЕВН

Вторник, 31 Декември 2019

На улица „7-ми Ноември“ во Гевгелија попладнево во 16:35 минути се запали електричен кабел од бандера лоцирана веднаш до деловната зграда на ЕВН - КЕЦ Гевгелија.
Искрењето на кабелот создаде светлечки искри кои се претворија во оган и чад. Дежурниот работник при ЕВН излезе на местото на опожарувањето со Противпожарен апарат да интервенира над огнот од бандерата. Тоа не беше доволно. На терен пристигна и тимот на ТППЕ со возилото на Противпожарната единица од Гевгелија, који исто употребија ПП апарат, а не млаз вода, поради тоа што водениот млаз може да биде спроводник и да создаде електично празнење кон млазот вода.

Во моментот на терен се стручен тим работници од ЕВН. Најпрво ја исклучија трафостаницата за довод на електрична енергија на овој реон и продолжија со менување на изгорениот кабел. Се очекува потрошувачите на електрична енергија да добијат струја веднаш по завршувањето на стручната интервенција.
Се претпоставува дека оптеретеноста на електричната мрежа за време на предпразничните подготовки е причина за ваков испад на системот.

 

Last modified on Вторник, 31 Декември 2019 - 18:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

Од денеска Македонија ги отвори границите без обврска за тест и карантин

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што

Повеќе

Обнова на рудниците ветува ВМРО-ДПМНЕ

Во предизборната капмања ВМРО-ДПМНЕ ја актуелизира темата за отварање на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.