Топ Новости

27-ми Коледарски Хепенинг во Гевгелија со забава, огномет и посета на Заев

Недела, 05 Јануари 2020

Традиционалната бадникарска манифестација „Коледарскиот Хепенинг 2020“ во пресрет на големиот христијански празник Божиќ вечерва се одржа по 27 пат на истото место Ракометното игралиште во Гевгелија, во организација на ЛК на СДММ од Гевгелија.

На манифестацијата присуствуваа бројни граѓани и гости меѓу кои претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и претседателката на комисијата за екологија при СДСМ.

Годинава манифестацијата имаше хуманитарен карактер. Организаторите поставија кутии за собирање донаторски прилози за опожарената зграда во Гевгелија и за малата Анастасија од Пирава. Првите прилози лично ги донираше Зоран Заев и другите негови придружници.

Забавниот дел од манифестацијата беше отстапен на музички изведувачи од локалната средина и познати естрадни имиња. Како и секогаш почетокот беше резервиран за групата „Распеани Гевгеличани“, а настапија и Блага Петреска, Ленче Кукиќ, Вики Среброва, Ани Малинкова, Горан Кукиќ, групата „Интервали“, Игор Узунов, гевгелискиот бенд „Зијан“ и Бени Шакири. Традиционално Хепенингот заврши со голем огномет кој низ звуците од песната „Пушти коси“ на Зијан го осветлија небото распрснувајќи ги бројните желби за здравје, успех и бериќет во Новата Година.

Настанот започна со црковна литургија во сослужение на свештеници од Гевгелиската парохија кои посакаа добро здравје, успех и среќа на сите граѓани на општина Гевгелија и православните христијани. Беа осветени дабови гранчиња кои беа поделени на граѓаните да однесат благослов за навестувањето на Христовото раѓање.

Коледарскиот оган остана традиционално запален на земјениот дел од просторот на игралиштето, но во помал обем, а имаше и украсни тезги со новогодишни апликации, балони...
Гевгеличани и годинава останаа верни на традициите, оние кои низ векови се одржувале на овие простори, но и со „Коледарскиот Хепенинг“ организиран во знак на радост и добри желби за почетокот на Новата година и утрешниот светол ден, Божиќ.

 

Last modified on Недела, 05 Јануари 2020 - 23:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.