Топ Новости

Василија Камчева е најновиот жител на Гевгелија за 2020

Четврток, 09 Јануари 2020

На 1-ви јануари во Општа Болница Струмица родилката Драгица Камчева од Моин роди здраво женско дете и со тоа стана првото новороденче за 2020 година и првиот новороден жител на Општина Гевгелија.
Новороденчето со име Василија Камчева денеска е „стара“ само девет дена и веќе ја доби првата официјална посета од градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков кој им посака добро здравје и на малата Василија и на среќната Мајка, и додели чек од 10.000 денари за првиот нов жител на општината во Новата 2020 и пакет производи за нега на новороденчето.

Најновата гевгелиска хероина дојде на свет во 17:40 часот во одделот за Неонатологија при Општата Болница во Струмица, со нето тежина 3.150 грама и должина на телото од 51 сантиметар. Ова се стандардно здраво мерни податоци за едно новороденче.

Среќните родители Драгица и Перо Камчеви во нивниот дом во Моин ја донесоа новородената Василија на 4 јануар кај своето братче Душан кој во 2017 година имаше иста среќа да биде првороденче на Општина Гевгелија за таа година и првороден син за семејството Камчеви.

Општина Гевгелија, покрај наградата за првото новородено дете во годината, на сите новороденчиња им исплаќа ваучери. Минатата година, известуваат од Општината исплатени се 194 ваучери за секое новородено бебе, како и за третото родено дете. Тоа важи за секое новороденче со жителство во Гевгелија, иако на територијата на општина Гевгелија во Општа Болница Гевгелија лани беа родени само 57 бебиња. Значи за секое новородено бебе се исплаќаа по 6.000 денари, додека за третородено дете се исплаќаа по 12.000 денари помош за новиот почеток на новиот жител на Гевгелија.

Општата Болница во Гевгелија уште го очекува првиот детски плач од новороденче во своите специјалистички оддели. Деветтиот ден од 2020 година одделот за гинекологија врши само редовни прегледи на трудници, но се' уште нема извршен пород на родилка во Гевгелија.


Last modified on Четврток, 09 Јануари 2020 - 19:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.