Топ Новости

Откриени 62 илегални мигранти во товарен воз кај ЖС Гевгелија

Сабота, 11 Јануари 2020

Полициски службеници од Полициската станица „Богородица“ заедно со полициски службеници од Република Чешка и Австрија, во текот на вчерашниот ден, при контрола на товарни возови кој пристигнале на Железничата станица во Гевгелија од Република Грција откриле 62 илегални мигранти само за еден ден.

Првата група прикриени патници во товарниот транспорт  биле откриени во возот кој пристигнал во 15:25 часот од Грција, a во 15:55 бил извршен претрес и контрола на самиот влез од полициските гранични службеници на Македонија, Австрија и Чешка. Во возот нелегално се превезувале 42 илегални мигранти од кои 38 биле од Мароко а двајца од Сирија и двајца од Алжир. По редовната записничка евиденција илегалните мигранти биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ на крајниот југ од Гевгелија.

Истиот ден, новиот вид на транзит на илегалците низ нашата држава го „испробала“ и група од 20 илегални мигранти кои од дежурни полициски службеници биле откриени во товарен воз кој пристигнал од Грција на гевгелиската Железничка станица во 19:00 часот. Од нив осум биле од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир. Истите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар кај Гевгелија. Акцијата ја спровеле полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Република Хрватска, со кои нашата земја соработува во борбата за сузбивање на илегалната миграција.

Во извештајот на МВР не се наведува во каков товарен транспортен воз се криеле илегалните патници и на кој начин си го ризикуваат животот во несоодвенти и непроветрени услови да патуваат транзит низ државата до посакуваните земји од Европската Унија. Законот и деталните полициски контроли на влез во државата тоа го спречуваат.


Last modified on Сабота, 11 Јануари 2020 - 13:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.