Топ Новости

Игор Ѓорески - 12 години од трагичната несреќа кај Блаце

Недела, 12 Јануари 2020

Цвеќе, стамена почит и сеќавање за несреќно загинатиот армиски пилот Игор Ѓорески Хектор од Гевгелија пред неговото спомен обележје во паркот пред Народниот театар во Гевгелија беше положено денеска во знак на одбележувањето на 12 годишнината од трагичната загуба на гевгелискиот Хектор (1976-2008).

Капетан Игор Ѓорески беше дел од 11-сет члениот екипажот на хеликоптерот „МИ 17“ на воздухопловниот ВИН на АРМ, кој на овој ден пред 12 години се враќаше од задача од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, но поради технички причини падна и се опожари кај месноста Блаце, Кумановско. Сите членови на екипажот загинаа на местото на несреќата. Беа прогласени за паднати борци на Македонија.

Дожливо утро и денеска како пред 12 години го обележа небото над нас во сеќавање на тој кобен ден за 11 армиски војници на Македонија. Дожливото утро и во Гевгелија не ги поколеба почитувачите на неговото дело да му оддадат почит пред спомен бистата во центарот на Гевгелија. Членовите на семејството, другарите, претставници на локалната самоуправа и членови на општествениот живот во Гевгелија со цвеќе и наклон ја искажаа својата почит кон овој наш сограѓанин кој се враќаше од армиска задача и заврши како историскиот воин Хектор речиси пред портите на својот дом.

Капетан Игор Ѓорески-Хектор (1976-2008) од Гевгелија не задолжи за незаборав. Од државата е постхумно одликуваниот за воен воздухопловен ветаран Капетан Ѓорески, прогласен за паднат борец, а во 2009-та година постхумно стана добитник на највисоката општинска награда „7-ми Ноември“ за животно дело.

Во месноста Блаце, е подигнат споменик во чест и сеќавање на загинатите во вид на стилизиран искршен пропелер од хеликоптер и нивните испишани имиња: потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Нека им е ВЕЧНА СЛАВА!


Last modified on Недела, 12 Јануари 2020 - 21:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.