Топ Новости

Прес на СДСМ: Граѓаните на Општина Гевгелија ги препознаваат новите вредности со СДСМ

Вторник, 14 Јануари 2020

На истекот од годината во која се исполнија две години од практикувањето на локалната власт раководена од претставници на СДСМ, од името на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија на прес конференција за медиумите испoрачано е резиме на исполнувањата во сферата на комуналната инфраструктура, изградба и рехабилитација на патишта и улици во Општина Гевгелија

- „За само две и пол години од мандатот на оваа влада предводена од СДСМ инвестирани се над 800 милиони евра во патна инфраструктура во државата, изградени се и рехабилитирани околу 500 километри патишта. Се гради како никогаш до сега. 2018 и 2019 се години кога градежните зафати во асфалтирање и реконструкции на улици и патишта ја направија општина Гевгелија модерно инфраструктурно место за живеење.

Улиците: „Ѓорѓи Сугарев“, „Нако Вардарски“, дел од „Кочо Рацин“, „26- ти Април“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „Мицо Шаренков“, ул.„ 1 Мај“, паркингот кај градските гробишта, улицата „Димо Хаџи- Димов“ се само дел од завршените градежни работи во асфалтирање, изградба и реконструкција на улиците во нашиот град.
Реконструиран е регионалниот пат Гевгелија - Негорци, изграден е дел од локалниот пат за поврзување на с.Серменин со с.Негорци, доасфалтирана е улицата „Гоце Делчев“ и реконструкција на улица „Горѓи Велков” во с.Негорци. Реализирани се улични зафати во населените места Давидово, Миравци, Милетково, Кованец, Моин, Мрзенци, Богородица, Прдејци.

- „Инвестициите во инфрастуктурата во нашиот град и во нашата држава не застануваат тука, продолжуваме и во 2020 година по прав пат и реализација на капитални проекти. Еден од најзначајните проекти предвидува рехабилитација од околу 450 километри на локални патишта и улици во 80 општини низ државата.
Освен тоа ќе се имплементираат и други помали проекти како изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, урбана опрема, подобрување на кривини и раскрсници и друго, зависно од потребите на општините. СДСМ заедно со граѓаните се на вистинскиот пат!“ - изјави на прес на СДСМ Гевгелија, претставничката Тања Попова.

Last modified on Вторник, 14 Јануари 2020 - 13:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.