Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Јануарска градежна офанзива на општина Гевгелија тешка 373.742 евра

Четврток, 16 Јануари 2020

Во првата декада од јануари, со почетокот на календарската и новата фискална година, стабилните временски услови допринесоа во Гевгелија да продолжат, а некои и да започнат градежни активности од сферата на комуналната и патна инфраструктура во Гевгелија.

Денеска започна уредувањето на тротоарите на улица „Миле Пецанов“ која се протега од јужната страна на Градскиот пазар на новата локација кај населба Караорман.
Изведбените работи започнаа со инсталирање на систем „капка по капка“, бидејќи според проектот на тротоарот ќе биде засаден и дрворед. Веднаш потоа ќе следи и поставувањето на бекатон плочки од двете страни на улицата Миле Пецанов. Станува збор за околу 1.000 метри квадратни кои ќе бидат поплочени со бекатон со што оваа улица ќе добие уредени и широки тротоари, известуваат од локалната самоуправа во Гевгелија.

Напоредно со денешниот работен ден на улица „Миле Пецанов“ Општина Гевгелија како нарачател и инвеститор продолжува со изведбените работи на атмосферска канализација на улицата „Индустриска“ во стопанската зона на влезот од Гевгелија. На дел од оваа улица, како и на дел од новопланираната сервисна улица бр.5 веќе се поставува канализационата линија за атмосферски води.
Вредноста на целиот зафат чини 3.028.246 денари, од кои 1.735.016 денари се грант добиен преку проектот Подобрување на општинските услуги (МСИП), додека 1.293.230 денари се сопствено учество на општина Гевгелија.

Исто така, изведбените работи продолжуваат и во станбената населба Караорман, каде што се гради водоводна мрежа на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”. Вредноста на овој проект е 4.501.176 денари, од кои 4.173.571 денари се грант обезбедени преку Проектот за подобрување на општинските услуви (МСИП), додека 327.605 денари се сопствено учество.

Денешниот јануарски ден означен е и почетокот на градежните работи за изградба на нова пречистителна станица во Моин. Станува збор за изградба на фекален колектор со пречистителна станица со што ќе се обезбеди целосна функционалност на веќе изградената канализациона мрежа во ова населено место. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.173.323 денари.

И, еден реализиран градежен финиш - Според договорот со изведувачот денеска е завршена целата делница на патот до времената депонија кај Ново Конско, проект за кој Меѓународната агенција за мигранти (ИОМ), донираше 140.000 евра за негова изведба. По ова, предвидено е да следува дислокација и рехабилитација на сегашната депонија кај Сува река.

 

Last modified on Четврток, 16 Јануари 2020 - 18:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.