Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Сабота, 18 Јануари 2020

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст по течението на Вардар, по кој тргнуваат пливачи доброволци да го извадат во чест на празникот Богојавление-Водици и годинава во Гевгелија привлече верници-доброволци.
До овој момент (13:30 часот) во црквите „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Спас“ од Гевгелиското Архиерејско намесништво пријавени се 14 лица кои ќе запливат во јануарските ладни води на Вардар за да го извадат светиот крст и означат големиот Христијански ден Водици.

Отец Русе Жекоски, по истекот на денешниот работен ден и рок за пријавување на кандидатите за пливање по крстот, на прашање на GevgelijaNET „Дали е тоа конечната бројка?“, истиот ја нагласи несериозноста на пристапот кон пријавување на кандидатите и спонтаното пријавување на доброволци на самиот ден Водици пред чинот кој треба да се изведе утре, така што поучен од приликите во другите години утре очекува над 30 кандидати за пливање по крстот.

Вековната традиција и годинава е во организацијана гевгелиското архиерејско намесништво кое пред почетокот на свечената литургија за сите доброволци организира бесплатен лекарски преглед од лекари од Општа Болница Гевгелија. Пред самиот чин на фрлањето на пливачите по крстот на местото на настанот ќе има обезбедено присуство и на екипа на Брза помош од Гевгелија.

Настанот ќе се одржи во недела, на 19-ти јануари, со почеток во 12 часот, на локација - мост на реката Вардар, а во 10:30 ќе биде извршен лекарски преглед на пливачите доброволци. За среќниот фаќач на Светиот крст Гевгелиското Архиерејско намесништво доделува икона. Општина Гевгелија како и секоја година се придружува со дарови за среќниот носител на Светиот крст.


Last modified on Сабота, 18 Јануари 2020 - 14:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.