Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Недела, 19 Јануари 2020

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата на водокрстот, Водици и традиционалниот чин на фрлањето на чесниот крст во осветените води на овој голем Христијански празник.

Традицијата беше одбележана во Богданци во водите на акумулацијата „Паљурци“. Голем број жители на Богданци се придружија на настанот следејќи ја свечената литургија која ја одржа свештеник од црквата „Св. Атанасиј“ и фрлањето во вода на крстот и запливувањето по него на група момчиња. Најуспешен и најсреќен во обидот за фаќање на крстот беше Милчо Јакимовски. Тој доби аплаузи од присутните и вреден поклон од градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов.

Традицијата во организацја на Црквата „Света Недела“ во Стојаково се одржа и со фрлање крст во водите на браната кај Слемлија. Овде најуспешен беше Кристијан Ќамилов.
Ѓавочани го испочитуваа денот Богојавление - Водици, го следеа чинот и му честитаа за успехот на Ѓорги Боевски во Ѓавото.
На сите нив пригодни честитки и поклони освен крст и икона од Црквата испорача и Општина Богданци.

- „Нека ни е честит и за многу години големиот христијански празник Богојавление- Водици!!! Честитки за Милчо Јакимовски во Богданци, Ѓорги Боевски во Ѓавото и Кристијан Ќамилов во Стојаково и Селемли!!! Да се живи, здрави и благословени!!!“ порача градоначалникот Шапов.


Last modified on Недела, 19 Јануари 2020 - 13:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.