Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Недела, 19 Јануари 2020

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот меѓу 30-темина млади луѓе кои денеска се фрлија во осветените води на реката Вардар кај Гевгелија, но со исполнета целна задача - да го фати и понесе светиот крст кој после свечената литургија беше пуштен во водите во чест на празникот Водици.
Тој го фати крстот, симболот на Богојавлението по кое се слави денешниот ден Водици.

Среќниот носител на крстот од водите на Вардар до свештените лица кои го дочекаа на мостот го прими благословот и иконата како црковен дар.
- „Нека е жив и здрав, за многу години празникот. Амин!“ - порача свештеникот Русе Жекоски, кој ја пофали посветеноста на овој ден на ова храбро момче да заплива во ладните води на Вардар по втор пат во својот живот во чест на големиот Христијански празник Водици.
Честитки до среќното момче, носителот на крстот испорача и Општина Гевгелија и градоначалникот Сашо Поцков, кој во име на Општината го даруваше носителот на крстот со лап топ. Од фирмата „Зегин“ му беше врачен телевизор.

На настанот му претходеше црковна литургија која се одржа утрово во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во присуство на сите 30 мина пријавени фрлачи, а процесијата на осветувањето на водите на Вардар се одржа на мостот во сослужение на четворица гевгелиски свештеници, предводени од архиерејскиот намесник прото ставрофор Марјан Радински.
- „Бог да се јави во сите домиви и да донесе среќа, здравје, мир и љубов за сите нас“, порача отец Радински.

Богојавленското празнување во Гевгелија и потопувањето на Светиот крст во водите на реката Вардар го проследија повеќе илјади граѓани кои со овој чин ги продолжуваат традициите на христијанскиот пазник на осветување на водите во знак на мир и среќа на сите верници и граѓани поклоници на традициите.

Во чест на Водици денеска во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се одржани и крштевки на три новороденчиња кои се заведени во црковните книги со имињата Лазар, Димитар и Ѓорги.
Нека им е честито крштевањето на новите жители на нашата заедница, на Љупчо среќниот ден, а за сите останати честитки по повод големиот Христијански празник Богојавление.

ФОТО насловна: Гоце Тасевски
Фото од Љ.Т. во Галерија: Г. Тасевски

 

Last modified on Недела, 19 Јануари 2020 - 15:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.