Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Четврток, 23 Јануари 2020

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е предмет на продажба на градежни плацеви за индивидуално и колективно домување, а голем дел од нив иако платиле надомест за комуналии не добиле приклучок за водовод и канализација. Зошто? Бидејќи воопшто не била изградена водоводна и канализациона мрежа кон тие парцели.

Деновиве интензивно се гради на проектите за воведување водоводна и канализациона мрежа до новоизградените објекти, пред се на улиците „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, каде што сите сопственици и инвеститори веќе платиле комунален надомест. Првата обиколка на работите на терен ја направи градоначалникот Поцков.

- „Како што ветив на средбите со сопствениците на станбени објекти во населбата Караорман, изградбата на водоводната и канализационата линија на улиците веќе е во тек. Со тоа се исправа една неправда бидејќи овие наши сограѓани не можеа да се вселат во новоизградените домови поради немањето на водоводен и канализационен приклучок. Иако, платиле за комуналии пред почетокот на градбата на своите куќи“, изјави градоначалникот Сашо Поцков при обиколката на пумпната станица на Караорман, со цел да се обезбеди потисен систем за водоводната мрежа која ги покрива сите три улици, од кои дел се значително повисоко.

Вредноста на инвестиционите зафати на нарачателот Општина Гевгелија изнесува 7,5 милиони денари, или противвредност од 82.300 евра. Од тоа најголем дел (5,9 милиони денари, или близу 80%) се средства добиени преку Грант за проектот „Подобрување на општинските услуги“ (МСИП).

- „Изведувач на работите е скопската фирма „Енергоинвест“ која имаше најповолна понуда на јавниот повик, која пак ја ангажира гевгелиската компанија „Обнова“ за изведба на теренските работи“, изјави Поцков нагласувајќи дека по почетната канализациона линија и поставените шахти, етапно ќе се гради канализација и на преостанатите делови од овие улици.

Минатата година Општина Гевгелија имаше јавна продажба на само осум плацеви на Караорман. Целата населба веќе е густо населена, со станбени објекти за индивидуално и колективно домување. Значи некој претходно продавал плацеви „на големо“ најавувајќи градежна експанзија во општината. На што ли ги трошеше парите наплатени за комуналии минатата локална власт, која беше разрешена и сменета поради недовербата од граѓаните со право на глас, па ги остави своите сограѓани сопственици на станбени објекти повеќе од пет години да чекаат вода во своите новоизградени домови?
Одговорот го има сигурно финансиската архива на Општината. Можат ли советниците да се навратат малку наназад во сметките и контата на општинскиот буџет? Можат сигурно и да побараат одговорност за наплатеното од граѓаните, (комуналиите), а не извршеното (не изградените водоводни и канализациони мрежи и немањето приклучок) за потребите на истите граѓани.


Last modified on Четврток, 23 Јануари 2020 - 10:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.