Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на пензионери Гевгелија

Четврток, 23 Јануари 2020

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма за здравство и социјална помош. Истата треба да биде предложена од страна на новоформираната Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на пензионери Гевгелија.
Завчера е одржана конститутивната седница на комисијата која брои пет членови од кои тројца се лекари специјалисти, една медицинска сестра и еден правник. Претседател на комисијата е д-р спец. Ице Дојранлиев.

- „Комисијата си зададе рок во следните 20 денови да донесе Програма за здравствена и социјална помош на своите членови пензионери во која согласно инструкциите и правилата на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија треба да бидат содржани критериуми во кои случаи, на кои категории и колкава и каков вид помош им следува на членови пензионери. По усвојувањето од страна на Комисијата Програмата се упатува на одобрување пред членовите на Извршниот Одбор на Здружението на пензионери Гевгелија“, изјави за GevgelijaNET Велин Стојменов, претседател на Здружението.

Помошта до пензионерите може да биде парична или материјална (во ствари, храна, облека, дрва за огрев, лекови) во максимален износ од 10.000 денари, во зависност од категоријата на примањата на пензионерот и социјалниот статус на семејството на пензионерот. Ваквата помош пензионерот, член на ЗПГ може да ја искористи еднаш во текот на годината.
Потребата од доделување средства или материјални ствари за помош на пензионерот се искажува со поднесување барање кое најпрво го разгледува и одобрува Комисијата, а конечната одлука и исплата на помошта ја одобрува Извршниот Одбор на Здружението на пензионери, истакна Стојменов. 

Ваква комисија статусно требаше да функционира од поодамна, но поради неактивност на двајца членови истата остана нефункционална кон своето членство.

Гевгелиското пензионерско здружение брои завидна бројка од 4.176 членови. Здружението веќе одржа една хуманитарна акција за помош на своите членови со доделување материјални средства во пресрет на Божиќ, на пензионери од Миравци, Давидово, Конско, Гевгелија. Следните социјално-здравствени и хуманитарни активности се планирани по донесувањето на Програмата и критериумите за доделување здравствена и социјална помош на гевгелиските пензионери и наши сограѓани во третото годишно доба од животот.


Last modified on Петок, 24 Јануари 2020 - 00:17

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.