Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Гевгелија на меѓународна конференција за бегалците во Шпанија

Понеделник, 27 Јануари 2020

Гевгелиски искуства од бегалската криза минатата недела беа пренесени на 5-та меѓународна конференција во Шпанија за споделување на искуствата со мигрантите со цел учество во заедничката координирана акција на Европските земји за справување со бегалците. Делегација на Општина Гевгелија составена од градоначалникот Сашо Поцков и претседателот на Советот на општина Гевгелија, Тодор Ристов, учествува на овој меѓународен собир на кој учество зедоа шест европски земји Грција, Италија, Шпанија, Малта, Бугарија и Македонија.

На конференцијата учествуваат претставници на општините и невладините организации од општините: Пеонија – Грција, Бриндизи – Италија, Виатор – Шпанија, Совет на општина Свиеги – Малта, Здружение „Варна - Европска младинска престолнина” – Бугарија, Здружение „Цивитас Солис“ од Рочела Јоника – Италија, Младински клуб на УНЕСКО од Солун - Грција, Здружение „Фабрика“ од Свиеги, Малта и општина Гевгелија - од Македонија.
Конференцијата се одржува во рамките на проектот „EUBorCo” кој е дел од европската програма „Европа за граѓаните“, чиј носител е општина Пеонија, Република Грција.

Општина Гевгелија, заедно со Фондацијата за локален економски развој иинформатичка технологија од Гевгелија, стана дел од проектниот тим што го реализира проектот за споделување на искуствата од мигрантската криза. Досега се одржани четири конференции во: Италија, Малта и Грција, од кои една и во Гевгелија во ноември 2019 година.

- „Бегалската криза беше голем предизвик за општина Гевгелија бидејќи за една и пол година низ нејзината територија поминаа 800.000 мигранти, бројка што сама по себе зборува за последиците од бегалската криза во една мала општина, каква што е Гевгелија. По затворањето на балканската рута, во Прифатниот центар за транзит на мигрантите кај Гевгелија кој и натаму е отворен, само повремено и кратко престојуваат мал број на мигранти. Меѓутоа, на територијата на општината и натаму се случуваат инцидентни илегални преминувања на мигранти од грчка територија“ истакна во своето обраќање на конференцијата Поцков.

На конференцијата беше нагласена потребата од поголема ангажираност и координираност на Европа. Како една од насоките беше посочен примерот со културна интеграција на бегалците забележан во неколку европски земји. Но, исто така беше укажано и на потребата од примена на мерки за санирање на жариштата на мигранти бидејќи предизвикуваат транзитни бранови каков што беше случајот во нашата земја.

Градоначалникот Поцков и претседателот Тодор Ристов ја посетија и општина Виатор која е дел од големиот градски центар на Андалузија Алмерија. Притоа, остварија средба со претставниците на оваа општина која е домаќин на Петтата конференција.


Last modified on Понеделник, 27 Јануари 2020 - 13:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.