Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Прес на СДСМ: Зголемувањето на пензите реалност со СДСМ

Вторник, 28 Јануари 2020

Претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија Владислав Видимче своето најново обраќање до јавноста на одржаната прес конференција ја посвети на најстарите чинители на нашата заедница - пензионерите.
Минатиот труд на оваа генерација некогашни работници втемелен во општетсвената капитална основа која денеска ја имаме претставува нивен придонес на заедницата. Вреднувањето на тој придонес со исплата на пензиите за неколку дена ќе биде зголемен со најновата исплата на пензиите која се покачува за 700 денари, кај сите пензиски носители.

Ваквата грижа кон пензионерите Видимче ја објасни со боровите:
- „Еден од клучните приоритети на владата предводена од СДСМ е враќање на парите назад кај граѓаните. Најголемото покачување на пензиите во последните 12 години е веќе факт. За само неколку дена над 320.000 пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе продолжат да се зголемуваат“.

Тој го критикуваше и односот на опозицијата кон ова покачување на пензиите со одлагање на законските расправи во Собранието:
- „Опозицискиот кочничар ДПМНЕ со години им земаше од џебот на пензионерите и редовно манипулираше со нив, а тоа нивно лицемерие  неодамна се покажа и во собранието каде ги кочеше предлог законските измени за покачување на пензиите предложено од СДСМ. А токму со тие законски измени во 2020 година просечната пензија е позиционирана на 15.500 денари, или од  доаѓањето на СДСМ на власт просечната пензија се зголемува реално како добробит на корисниците за 1.746 денари“, потсети В.Видимче.

Претседателот на гевгелиската ОО на СДСМ потсети дека СДСМ преку одговорни и чесни политики согласно закон покажува што
значи  обезбедување на достоинствен живот за повозрасните и вистинска грижа за сите граѓани. Затоа на 12 април граѓаните ќе потврдат - режим никогаш повеќе! На 12 април граѓаните ќе одберат да продолжи напредокот со СДСМ, да продолжи враќањето на парите  кај граѓаните, повисоки плати, пензии, подобри услови, пониски трошоци“ истакна на крајот од пресот В.Видимче.

Last modified on Вторник, 28 Јануари 2020 - 21:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.