Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Именувано Спортско игралиште „Елена Костадинова“ Гевгелија

Четврток, 30 Јануари 2020

Постојното игралиште на улица „7-ми Ноември“ непосредно до просториите на Територијалната противпожарна единица во Гевгелија, во т.н. Серменинска мала од вчера, со одлука на Советот на општината доби име „Елена Костадинова“.

За предлогот гласаа членовите на локалниот гевгелиски совет кои што постапуваа по иницијатива на група другари на прерано починатата ученичка Елена Костадинова, со улица на живеење „Никола Карев“ од Гевгелија.
Учениците иницијативата ја доставиле до Советот и во неа ја образложуваат својата молба:
„Елена беше страстен спортист, голем другар, дете со големо срце и живееше за спортот. Елена беше иницијатор да се постават рефлекторите на игралиштето, самата го искова и помагаше во уредувањето на игралиштето на кое играат многу деца од тоа мало, но и од целиот град, го правеше еден од најголемите огнови на Василица. Нашата Елена ја загуби битката со канцерот, но ние не смееме да дозволиме нејзиното име да биде заборавено. Елена имаше големо срце, живееше за играта, па ве замолуваме и вие да го отворите вашето срце и да го славиме нејзиното име и нејзиниот придонес и сета љубов дадена во тоа игралиште на начин што ќе ја одобрите оваа молба и го именувате игралиштето со нејзиното име“, се вели во иницијативата од другарите и другарките на Елена.

Игралиштето е со површина од 330 метри квадратни со намена Д3-8 - „отворени спортски игралишта“ лоцирано на КП бр. 2373 во Катастарскаопштина Гевгелија.

Со Одлуката за именување на игралиштето се задолжува општина Гевгелија да обезбеди табла со натпис: Спортско игралиште „Елена Костадинова“ Гевгелија, како и да се грижи за тековното одржување на истото. Спортското игралиште ќе се користи исклучиво за спортско рекреативни активности од физички и правни лица.
Одлуката стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Општинскиот гласник, но другарите иницијатори уште сега можат да ја слават победата на незаборавот за својата другарка.

Фото: од Фејсбук групата на Иницијативата 

Last modified on Четврток, 30 Јануари 2020 - 21:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.