Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Дојранчани одбија јавно приватно партнерство за водоснабдување

Недела, 02 Февруари 2020

Денешниот референдумски ден дојранчани го сфатија сериозно и во законски доволен број за полноважност на резултатите излегоа на гласање.
Во текот на 12 часовниот гласачки ден на отворените осум гласачки места во Општината од вкупниот број на евидентирани гласачи со право на глас кој изнесува 2.622 граѓани, гласале 1.404 граѓани. Тоа значи излезност од 53,54%.

Неофицијалните резултати се следните: 402 гласачи се „Зa“, 965 гласачи гласале „Против“, а 37 се неважечки гласачки ливчиња.

Тоа значи дека мнозинството граѓани од законски достигнатата излезност (над 50% +1 гласач е законскиот плафон за регуларност на референдумот) го определиле резултатот од референдумското изјаснување: Јавно приватно партнерство за водоснабдување, канализиција и одведување и прочистување на отпадни води за потребите на Општина Дојран и населените места НЕМА ДА ИМА.

- „Продолжуваме понатаму во изнаоѓање на други решенија, ова беше само еден пример како треба да функционира едно демократско општество и како се носат битни одлуки во согласност со народот“, напиша градоначалникот на општина Дојран на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на граѓаните на Општината за одговорот.

Во текот на гласачкиот ден, неоптеретен со резултатот од референдумот, градоначалникот Ангов за GevgelijaNET изјави:

- „Општината е спремна со веќе готови проекти за изведба на нови количини на вода, изградба на канализациони системи во сите населени места, како и изградба на прочистителна станица за заштита на езерото. Овие зафати мора да бидат изведени за да го избегнеме недостигот на вода, особено во летните месеци додека трае туристичката сезона и потребите за вода на Дојран десеткратно се зголемуваат. Ако не се обезбед преку јавно приватно партнерство, Општината мора да најде нови извори на финансирање“, истакна градоначалникот Анго Ангов во текот на денешниот референдумски ден спремен да го дочека вистинскиот одговор од своите сограѓани.

Референдумот беше организиран со одлука на Советот на општината. Со позитивниот исход  се очекуваше приватен партнер да вложи 8.102.000 евра за изградба на нови извори на вода, канализациони системи во сите населени места, прочистителна станица за одводни отпадни води заради заштита на езерото. Со денешниот референдумски резултат Општината ќе бара нови извори за да ја реализира оваа значајна капитална потреба за Општината.

Last modified on Недела, 02 Февруари 2020 - 21:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.