Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Прес на СДСМ: Обештетување на стечајните работници

Вторник, 04 Февруари 2020

Со донесувањето на измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост исправена е една децениска неправда.

Со последните законски измени за две и пол години Владата предводена од СДСМ го реши проблемот на вкупно 12.000 стечајци, од тоа уште 1.000 се нови корисници на материјално обезбедување на невработени стечајци. Месечниот паричен надоместок по овој основ изнесува над 8.000 денари.

- „И во Гевгелија и околината таа децениска неправда е исправена и паричниот надоместок од над 8.000 денари го добиваат повеќе од 200 стечајни работници“, истакна на пресот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Јани Итев.

Сето ова е овозможено со измените на Законот на предлог на МТСП предводена од СДСМ, со што се покажа дека оваа Влада има слух за граѓаните. Главен приоритет на СДСМ е борбата против сиромаштијата и подобрување на условите за живот на секој еден граѓанин.

- „Нашите сограѓани го препознаваат доброто. Затоа, на 12 април ќе продолжиме заедно по вистинскиот пат“, истакна на пресот Итов.

Last modified on Вторник, 04 Февруари 2020 - 17:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.