Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Поддршка на НВО секторот со 700.000 денари за 2020 од буџетот на Општина Гевгелија

Среда, 05 Февруари 2020

Активностите на 21 граѓански здруженија и еден поединец годинава ќе добијат финансиска поддршка од буџетот на Општина Гевгелија за 2020 во вкупен износ од 700.000 денари, со цел создавање услови за реализација на проектни понуди на граѓаните и здруженијата на граѓани од различни интересни групи. 

На листата на корисници на средства кои се движат во распон од 10.000 до 150.000 денари се: Здружението на пензионери за учество на „Регионални спортски игри“ (30.000,- ден.), Општинската Организација на Сојуз на борците (50.000,- ден.), Здружението на слепи лица (10.000,- ден.), Здружение на лица со телесен инвалидитет (10.000,- ден.), ЗГ „Смоквица“ (10.000 ден.).

Пообемен буџетски зафат има Хуманитарното здружение „Ристо Калеников“ за организација на „СРВ Фест“ (100.000 ден.) и Националната алијанса на лица со посебни потреби-Центар „Мајка Тереза“ за работно оспособување на лицата со посебни потреби (150.000 ден.)

Како нови корисници на буџетска поддршка се јавуваат три различни здруженија за пчели: „Апитоксин“ и ЗГ „Нектар“ од Гевгелија и ЗГ „Македонска пчеа“ од Негорци кои добиваат по 10.000 денари за едукација за користење на пчелни производи и Фестивал на локална храна и вино.

Меѓу новите граѓански проекти на новоформирани здруженија се ЗГ за борба против рак „Елена Костадинова - за среќа“ кои добиваат 20.000 ден. за организација на театарска претстава, ЗГ „Арка за сите“ со одвоени 10.000 денари за организирање хуманитарни настани, Друштво за генетско истражување „Генем“ ДООЕЛ со средства од 10.000 ден. за „Временска порта кон минатото“.

Во Програмата за поддршка на НВО за 2020 се наоѓаат и Кинелошкото здружение (30.000 ден. за меѓународна изложба на расни кучиња), Асоцојација за пулмонална хипертензија „Момент плус“ (20.000 ден. за кампања за подигање на свеста за постоење на ПХ), ЗГ на власите „Мегленија“ од Гевгелија (20.000 ден. за одбележување на Националниот ден на власите, организирање 18 Влашка вечер и Влашка кујна), Радиоаматерски клуб „Никола Тесла“ (10.000 де. за радио-аматерски натпревари), Навивачка група „Фантоми“ (50.000 ден. за поддршка на спортски клубови и одбележување на 30 год. постоење).

Во образложението на Програмата за поддршка на НВО секторот за 2020, што ја донесе Советот на опшина Гевгелија на последната 41-ва седница, е наведено дека на јавниот конкурс биле поднесени 25 апликации, а прифатени се 22.
Не се прифатени апликациите на ЗГ „Рекреативец“, ЗГ „Чејнџмејкерс“ и ЗГ „Спас за нас“ сите од Гевгелија поради неисполнување на критериумите, бидејќи предложените активности веќе се остваруваат преку други Програми и активности на Општина Гевгелија, стои во образложението на Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот од општина Гевгелија за 2020 година.


Last modified on Среда, 05 Февруари 2020 - 13:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.