Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Ветровитиот Февруари со 19 м/сек нe' потсетува дека уште е зима

Среда, 05 Февруари 2020

Денешните воздушни движења и температури од 7 степени над нулата, после низата сончеви денови и неделните измерени 21 степен на целзиусовата скала, не' потсетуваат дека календарски уште сме во зима.
Гевгелија денеска ја опсипуваат налети на ветер од северозападен правец со јачина од 13,7 метри во секунда, односно со брзина од 37 километри на час.
Најголема јачина со рафални тенденции воздушните движења достигнаа во периодот од 13 до 14 часот кога нанометарот во Метеоролошката станица во Гевгелија регистрира ветер со јачина од 19 метри во секунда, што е еднакво на брзина на ветрот од 60 километри на час“, изјави дежурниот метеоролог Томе Тодоров.

Врнежите на почетокот од денот (01 после полноќ) беа тивки и траеја до изутрината до 06 часот, со минимален воден талог од 2 литри на метар квадратен, но воздушнните струења од север ги оддуваа облаците полни дожд и остануваме на милоста на ветерот.
На висините на Кожуф заврна снег. Со бела покрива утринава се пофалија жителите на Ума. Снег има и во Фурка, односна на подрачјата во околината кои се над 300 метри надморска височина.

Ветровитите струења се очекува да продолжат во текот на денот, а утре температурата да опадне за некој степен. Покачувањето на температурите и стабилизација на времето со сончеви периоди не' очекува викендот, а во втрниток ќе се дуплира температурата до 14 стенени над нулата.
Денеска денонокието трае 614 минути (10 часа и 14 минути) до зајдисонцето кое настапува во 16:51 часот.


Last modified on Среда, 05 Февруари 2020 - 14:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.