Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Зонско паркирање - за подобар сообраќаен ред во центарот на Гевгелија

Петок, 07 Февруари 2020

По вчарашната организирана јавна расправа започна постапката за воведување на зонското паркирање во Гевгелија. За да стапи истата во сила Советот на општина Гевгелија треба да донесе одлука, по што ќе биде одреден оператор и распишан Tендер за набавка на софтверска опрема.
Присутните граѓани на јавната презентација ја поддржаа Иницијативата за воведување на зонско паркирање, нагласувајќи дека неопходно е да се воведе ред во паркирањето, посебно во центарот на градот, наведуваат од Општина Гевгелија која е иницијатор на проектот за сообраѓаен ред во градот, меѓу кои и во паркинг зоните. Притоа,граѓаните дадоа корисни и интересни предлози дека за успешноста на зонското паркирање потребна е поголема соработка на сообраќајната полиција со операторот, за разгледување на можноста во ограничувачката зона да им се наплаќа паркинг само на жителите на Гевгелија, а не и на туристите, за регулирање и санкционирање на паркираните патнички возила кои непрекинато стојат паркирани на одделни сообраќајници. Исто така, беше оценето дека организирањето и спроведувањето на зонското паркирање најдобро е да се врши од страна на Јавно претпријатие.

Со овој проект предвидени се 1007 паркиралишта во центарот на градот и на главните сообраќајници. Од нив 609 се паралелни, 7 за косо паркирање, а 341 за паркирање под агол од 90 степени. Исто така, се предвидени 23 паркиралишта за такси возила, 20 за лица со инвалидитет и 4 за возила со електрично полнење. Сите паркиралишта се значително поголеми од постојните и согласно новите законски одредби. Зонското паркирање е поделено по зони, појасни проектантот Миле Стојменов, нагласувајќи дека Гевгелија е еден од последните градови во земјата каде што не е воведено зонско паркирање.

ПРВАТА зона е ОГРАНИЧУВАЧКА и треба да влијае дестимулирачки за долготрајно паркирање во центарот на градот, појасни проектантот. Ограничувачката зона ги опфаќа улиците „7 Ноември“ од Амамот до крстосницата со „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“, без паркингот пред „Стопанска банка“, улицата „Димитар Влахов“ до крстосницата со „Јосиф Јосифовски“ и „Ристо Фршинин“, улицата. „Маршал Тито“, од крстосница со „Ѓорѓи Велков“ до крстосница со улиците „7 Ноември“ и „Димитар Влахов“, како и од Библиотека до крстосницата со улиците „Таља Бикова“ и „Мирче Ацев“ и улицата „Гевгелиски партизански одреди“ (освен паркинг пред СОУ „Ј.Јосифовски“). Во ограничувачката зона паркирањето ќе биде ограничено само на 2 часа со цел да се обезбеди непречен протек на возила во административниот центар.

Втората жолта зона „Б“ го опфаќа подрачјето помеѓу границата со зоната „А“ до улиците „Кирил и Методи“, „Борис Карпузов“, „Ристо Фаршинин“, „Јосиф Јосифовски“ до спортска сала „Партизан“, „Гевгелиски партизански одреди“ и паркингот пред СОУ „Ј.Јосифовски“, „С.М. Данко“ до крстосницата со улица „Борис Кидрич“, „Радован Ковачевиќ“ до крстосницата со улица „Деко Ковачев“, „Булевар Гевгелија“ до семафорите на крстосницата со улица „Деко Ковачев“. Во оваа зона паркирањето не е ограничено и ќе се наплаќа, а тука влегуваат јавните површини наменети за паркирање Библиотека „Гоце Делчев“ и кај спортска сала „26 Април“.

Во третата зелена зона „Ц“ влегува преостанатиот дел од територијата на Гевгелија, односно, улицата „Ѓорѓи Стамков“ (кај Централната детска градинка), улицата „Миле Пецанов“ (Градски пазар), Булеварот „Гевгелија“ (од семафори до кружен тек) и другите јавни површини кои не влегуваат во претходно наведените зони. Советот на општина Гевгелија со посебна одлука ги одредува цените за паркирање во втората и третата зона, како и условите за паркирање. Плаќањето ќе се врши електронски, но и преку посебни картички кои ќе им се продаваат на туристите, а супермаркетите, банките, стоматолошките ординации и други институции можат да закупат одделни паркинг-места. При изработката на проектот е водено сметка влезовите на станбените и деловните објекти да не бидат блокирани со паркинг места.

- „Со воведувањето на зонското паркирање целта на општината не е да се остварува профит, туку да се стави ред во сообраќајот, посебно, во паркирањето во центарот на градот“, истакна градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на синоќешната Jавна презентација на проектот за зонско паркирање.
Тој додаде дека покрај расправата, на веб-страната на општина Гевгелија ќе биде спроведена и јавна анкета, по што ќе бидат сумирани предлозите и сугестиите од граѓаните. Најпрво, во Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а потоа и во Советот на општина Гевгелија кој треба да ја донесе конечната Одлука за операторот, цените и условите за зонско паркирање на одредените зони.


Last modified on Петок, 07 Февруари 2020 - 12:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.