Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Вицепремиерката Царовска ги посети пензионерите во Гевгелија

Петок, 07 Февруари 2020

Пензионерите од Гевгелија денеска имаа работна посета од страна на вицепремиерката Мила Царовска, претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова и дополнителната министерка за труд и социјала Санела Шкријељ.

На состанокот на кој присуствуваа околу 50-та пензионери од Гевгелија стана збор за начинот на зголемувањето и исплатата на пензиите за јануари.

- „Секој пензионер доби зголемување од 722 денари кое се исплаќа секој месец и влегува во основицата на пензијата. Со тоа секој пензионер ќе добие дополнителни околу 9.000 денари на својата сметка за една година. Продолжуваме да го подобруваме стандардот на повозрасните граѓанки и граѓани и да вложуваме во поквалитетен живот“ истакна вицепремиерката Царовска.
Таа ги истакна и другите мерки на Владата кои се насочени во обезбедување повеќе средства за граѓаните:
- „Силно работиме на искоренување на сиромаштијата преку зголемената социјална помош во просек за 300%. За две и пол години минималната плата ја зголемивме за 60% и сега изнесува 14.500 денари, а плата над 18.500 денари земат 306 илјади вработени. Продолжуваме да создаваме успешни политики кои носат добро на граѓаните“, истакна таа.

Претседателката на СЗПМ Станка Трајкова потенцираше дека покажувањето од 722 денари се однесува подеднакво за сите пензионери и ова е законски определено покачување. Следното покачување на пензиите ќе следува во второата половина од годината кога пензиите ќе се усогласуваат со порастот на трошоците на живот. Јануарското покачување влегува како основица за пресметка на второто покачување годинава кое ќе се однесува за јули 2020.

Дополнителната министерка за труд и социјала Санела Шкријељ, пред гевгелиските пензионери ги образложи мерките на Владата кои ги спроведува МТСП а се однесуваат за подобрување на животниот стандард на граѓаните и условите за пристоен живот.

За оваа и други актуелни теми беше разговарано со пензионерите во Гевгелија.
Претедателот на гевгелиското Здружение на пензионерите, Велин Стојменов на средбата потенцираше дека очекувањата на гевгелиските пензионери се вицепремиерката Царовска како што имаше резултати во подобрувањето на условите за згрижување на децата од предшколска возраст и создавање домови на досега третираните лица во установи, така да има успеси и во новата сфера која ја раководи, а тоа е економијата во државата.

Пензионерите во Гевгелија во разговор со гостите ја расчистија дилемата и гласините дека покачувањето на пензиите не се популистичка мерка која ќе трае само до изборите, туку дека е реалност која се базира на консолидација на пензискиот фонд. Овој фонд некогаш имаше „дупка“ од 400 милиони евра, а сега е намалена на 90 милиони евра, пред се' заради зголемените слевања во фондот од новите мерки на Владата со покачивањето на минималната плата, новите 60.000 вработени во државата кои имаат свој месечен прилив на средства во фондот.

Средбата заврши на задоволство и на гостите и на посетените за заедничкото разбирање и грижа за животот и погодностите на граѓаните од третото животно доба, пензионерите.


Last modified on Петок, 07 Февруари 2020 - 21:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.