Денешниот неделен ден (09.02.2020 г.) во ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија се одржа општински натпревар по Географија со ученици од сите четири основни училишта во општината.
Првото место со 99 освоени бодови од вкупно 100 освои Софија Милосавлевиќ под менторство на наставникот Венци Попов од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци.
Второто и третото место им припадна на ученици од ООУ „Вадо Кантарџиев“ од Гевгелија, и тоа: втор е Ѓорги Новаковски со освоени 97 бодови, а Трет е Јован Оџаков со освоени 95 бодови - ментор Снежана Аџиева од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија.
Од вкупно 32 ученика од VI-то до IX-то одделение кои учествуваа на општинскиот натпревар по Географија 12 од нив кои освоија над 80 бодови се пласираа за учество на регионален натпревар по географија на кој ќе учествуваат и ученици од Општинските основни училишта од околината. Регионален координатор за учество на денешните победници и 12-те ученици пласирани за регионалниот натпревар по географија е наставничката Снежана Аџиева.
Дека нашите ученици знаат географија доказ е тестот кој е изработен од Мекедонското географско друштво со чија соработка и координација се организираат општинските, регионалните и државните натпревари по географија за учениците како за основното, така и за ученици од средното образование. Викендов такви натпревари на општинско ниво се одржаа во Тетовскиот, Скопскиот и Радовишкиот регион.
Организаторот на денешниот општински натпревар во Гевгелија на сите им испорача честитки, за освоените места на учениците што ќе продолжат да се натпреваруваат, за залагањето на менторите за успешни остварувања на учениците, со желби за реализирани знаења и на повисоките натпреварувања, зошто со успех на регионалниот се обезбедува пласман за учество на републичкиот натпревар по географија.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/4756-sofija-od-oou-risto-suklev-negorci-najdobra-po-geografija.html#sigProGalleriac75868075a
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по