Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Притворен гевгеличанец кој со лажно претставување измами повеќемина

Понеделник, 10 Февруари 2020

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против лице на возраст од 41 година, за сторени две кривични дела од продолжен вид и тоа: Измама од член 247 став 1 во врска со член 45 став 4 во врска со став 1 и Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот во временскиот период од 28.10.2019 година до 2.2.2020 година, во 18 наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист се јавувал телефонски на повеќе повозрасни лица, претставувајќи се како службеник вработен во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или во други државни институции кои вршат дејност од јавен интерес. Со лажно прикажување факти ги доведувал, а потоа и држел во заблуда оштетените дека може да им помогне во остварување на некое право или придобивка од пензија. За да им обезбеди додаток на пензија, заостанати исплати на пензии од брачни другари, запирање на извршување или друго право, осомничениот барал од оштетените да му достават лични податоци и документација и да му дадат парични средства за вршење на услугата. Вршејќи измама, осомничениот успеал за себе противправно да присвои 54.650,00 денари од вкупно договорените 112.840,00 денари.

Бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, а имајќи ја предвид тежината на сторените дела и запретената казна, јавниот обвинител до Основниот суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.


Last modified on Понеделник, 10 Февруари 2020 - 21:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.