Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелија повторно град со пливачки базен

Вторник, 11 Февруари 2020

На предлог на Агенцијата на млади и спорт Владата на РСМ донесе програма за развој на сопртот во која е опфатен и проектот „Изградба на 14 пливачки базени“ кои ќе бидат лоцирани во 14 општини во државата.
Меѓу општините кои ќе добијат базен е и општина Гевгелија.

Реализацијата на Проектот ќе се одвива во две фази. Во првата фаза покрај Тетово, ќе бидат опфатени општините: Кичево, Битола, Штип, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Предвидено е базенот да биде изграден за 18 месеци, а локацијата да ја обезбедат Општините.

Во втората фаза базени ќе се градат во: Аеродром, Чаир, Карпош, Струмица, Гевгелија, Неготино, Прилеп и Кавадарци. Процедурата и постапката за нивната изградба ќе започне по завршувањето на изборите, а целосната изградба ќе биде во 2021 година.

- „Со тоа ќе ја затвориме првата фаза од изградбата на шест затворени пливачки базени, кои ќе го подигнат спортскиот стандард и стандардот на спортистите. Пливањето е базичен спорт и важно е да ги натераме децата уште од најмала возраст да го засакаат пливањето и да се превенираат евентуални деформитети во нивниот раст и развој, но и да дадеме вредност на споротот во нашата држава“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Агенцијата признава дека нема доволно вложено во спортовите на вода и дека опаѓа бројот на квалитетни пливачи од меѓународен карактер, па смета дека приоритет во моментов е изучување на овие водни спортови.

Со базените ќе управуваат Општините, но ќе се направат и дополнителни консултации со спортските работници, пливачките клубови и со Пливачката федерација за да се најде соодветен механизам за максимална функционалност на овие базени.

Генерациите кои израснаа со посетите на познатиот базен „Фатаморгана“ со симпатии се сеќаваат дека овде некои научија да пливат, дека се правeа општински натпревари на трки во пливање, натпревари во скокови во вода, обуки за прва помош при спасување од давење во вода... Сето тоа придонесуваше за спортската едукација и кондиција на младината и возрасните кои ги носеа свите деца на престој и разладување во базенските води на „Фатаморгана“, кои сега се неискористен простор закупен од казино објект. Новиот базен ќе биде ефикасно пополнување на таа потреба и навика на одржување на спортската ангажираност на младите и во текот на летните жешки месеци со пливачки активности на вода.

Вчера беше поставен камен темелник за изградба на нов базен во општината Ѓорче Петров, а завчера започна изградбата на првиот таков базен во Тетово. И двете инвестиции се дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени“ на Владата, преку АМС. На настанот присуствуваше и премиерот Спасовски кој нагласи дека Владата продолжува да инвестира во развојот на спортската инфраструктура и дополни дека ова е важен проект за младите и за здравиот начин на живот, односно за иднината.




Last modified on Вторник, 11 Февруари 2020 - 21:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

„Смоквијада 2020“ - пет наградени екипи подготвија највкусно слатко од смокви

Најслатката манифестацја која ја одбележува Гевгелија - натпреварот во варење

Повеќе

Гевгелиските детски градинки ќе згрижат 440 деца со отварањето на 9 септември

Јавната општинска установа на детски градинки „Детска радост“ во Гевгелија во

Повеќе

ОКШ воведува засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона

Новиот корона бран во Гевгелија и актуелните 17 позитивни на територијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.