Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Навалица на рибари во Дојран

Вторник, 18 Февруари 2020

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и во водите на Дојранското езеро.
По доделувањето на концесионер за грижа на риболовниот фонд на езерото овде активно заживеа спортскиот риболов со исплата на дневен паушал за рибарање и активна легитимација од Риболовната федерација на РСМ.
Со недели риболовците ги запоседнуваа дрвените платформи во близина на плажата „Св.Никола“, „Калдрмата“ ги има покрај Градска плажа, кај Стара Мрдаја, секаде каде риболовците ќе најдат мир и риба која иде на мамката.
Дојранчани, кои се сведоци на ваквиот езерски пејсаж со десетици и стотици испружени прачки за рибарење во водата, одпочеток ги споделуваа фотографиите како интересна зимска разгледница од Дојран. Но, деновите на рибарски посети продолжуваат и кога не е викенд, паркиралиштата се запоседнати од автомобили, како кај плажата „Калдрма“, а остатоците ѓубре зборуваат за несовесните посетители на езерото.
Денешната слика од Дојран има веќе организирана рибарска армада, која од дрвените мостови се прошири со чамци во езерските води. Ги има на десетици во линија.

Жителите на населбите покрај Дојранското езеро негодуваат на ваквиот вид туризам од кои регионот немаа никаков ќар и бараат ограничување на пристапот на риболовците само од брегот на езерото.

- „Сведоци сме на организирани риболовни групи кои дневно ловат повеќе десетици килограми риба. Некои се пофалија дека за 15 дена уловиле 1,5 тона риба. Толку риба, колкава и да е групата риболовци не може сами да ја изедат. Значи не е за рекреација и еден ручек. По 120 денари да го продава килограмот риба тоа е заработка од 180.000 денари. Нека ми каже некој кој денес заработува 3.000 евра за 15 дена? Еве тоа се сличува во Дојран“ вели соговорник на GevgelijaNET жител на Дојран.

И други реагираат на социјалните мрежи. Бараат концесионерот да го ограничи ловот на 3 или 5 килограми, а не со полн багаж риби да заминуваат дома. Бараат да се воведе служба ловочувар. Бараат да се наплаќа паркинг на риболовците кои ги запоседнуваат плажите и плус надокнада за одржување на јавниот простор.

Во Дојран со децении опстојуваше фирмата „Дојранско езеро“ која се занимаваше со лов на риби, продажба на риби, имаа свои продавници за свежа риба во Гевгелија, Скопје и други градови низ државата. Претпријатието по приватизацијата замина во стечај. Сентиментални на едно време кога богатството на езерото беа деловна грижа на дојранска фирма, со дојрански рибари, дојрански работници, комерцијалисти, продавачи, дојранчани приспомнувајќи си на тоа време не можат да ја издржат сликата на ваквата наезда на риболовци. Некои велат: „Се знае. Езерото е за да живеат тие луѓе што се населени околу езерото, а не сите“, што е погрешна претстава дека едно национално добро им припаѓа само ним зошто го гледаат од прозор при секое будење.

Сепак ограничивањето на количински лов до три килограми и риба дневно по рибар, до 20 сантиметри големина на уловена риба, а враќање на капиталците над 3 килограми во езерото е нешто за кое треба да се погрижи концесионерот, да изнајде начин на контрола на експлоатација на рибниот фонд, па макар тоа се викало спортски риболов.

Фото: Фејсбук-Марјан Анѓушев

 

Last modified on Вторник, 18 Февруари 2020 - 11:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.