Топ Новости

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Четврток, 20 Февруари 2020

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска претпладне депонира оставка од функцијата директор до градоначалникот на Општина Гевгелија.
Како повод за оставката наведува дека е од „лични причини“.

Тоа денеска на седница на Совет на општина Гевгелија го изнесе пред советниците градоначалникот Сашо Поцков пред разгледувањето на материјалите кои се однесуваат на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, а се со потпис на Неловски. Се разгледуваа извештајот за работа на средношколскиот училишен центар, финансивиот извештај за 2019 и програмата за работа за 2020 година. Без дискусија и без забелешки материјалите добија согласност од советниците.

Разрешување на директорот Цветан Неловски побара јавноста во Гевгелија пред два дена кога излезе информација со фотографии од казино „Сенатор“ Гевгелија дека тој е добитник на награда - автомобил. Имено, меѓу тројцата добитници на награди „Мерцедес Гранде Џекпот“ е Нелоски, актуелен директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, кој освоил автомобил „Мерцедес А класа“. Заедно со резултатите за наградата и бројот на добитничкиот талон постирани се и фотографии од посета на директорот Нелоски на казино Сенатор, а таму сигурно не се одвивала образовна презентација, или образовен квиз на знаење, освен игри на среќа за која дејност е регистрирано казино „Сенатор“.

По реакциите во јавноста за моралниот кодекс на директорот кој е воедно и професор и педагог, и прашањата „каков пример остава на помладите генерации, учениците со своето однесување и посета на казина“, локалните тела кои го именуваа Неловски на функцијата побараа негова итна оставка од морални причини.

Неловски ја депонира оставката денеска претпладне до градоначалникот на Општината која е надлежна за образованието во локални рамки како делегирана одговорност од централната власт.

Во прилог веста која ја разбранува гевгелиската јавност, објавена од казино „Сенатор“ Гевгелија.

Last modified on Четврток, 20 Февруари 2020 - 16:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Висока 62,17% излезност до 19 часот во Гевгелија

Гевгеличани ги рушат рекордите по број на излезност во својата општина на секој

Повеќе

Излезноста од 52,35% во Гевгелија до 17 часот, на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Излезноста во Гевгелија до 17 часот е 44%, а на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Во општина Гевгелија излезност од 34,63% до 13 часот

Во текот на денешниот ден за гласање на 10-те по ред Парламентарни избори во

Повеќе

Денес гласаа 179 болни лица во општина Гевгелија

Од вкупно пријавените 8.846 болни, хронично болни, изнемоштени и лица згрижени

Повеќе

Од утре на летување на државен трошок - Ваучерите за туризам стапуваат во

Туристичкото лето и капацитетите од понудата на домашните летни, бањски,

Повеќе

Тешко повреден 19 годишен мотоциклист од Гевгелија

Од денешниот билтен на евидентирани полициски извештаи за кои јавува МВР

Повеќе

Денес гласаат 697 лица во карантин и самоизолација, еден е од Гевгелија

Во трите дена за гласање определени за изјаснување на граѓаните на 10-те по ред

Повеќе

Прес на СДСМ Гевгелија - Претседателот Видимче со порака до гласачите да

На 15 јули треба да гласаме за продолжување на сигурниот пат на напредокот што

Повеќе

Заев и Димитров во Миравци: „Сите правци водат во Миравци“

Миравчани горди што од своето место ќе го имаат новиот пратеник од редовите на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.