Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Сабота, 22 Февруари 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни парламентарни избори 2020, партиите треба да достават до ДИК листа на кандидати за пратеници од своите редови.
Кандидационите постапки во рамките на партиите се во тек.
СДСМ објави јавен повик за самокандидирање на своите членови за пратеници, а неколку дена пред тоа излегоа со најавата дека во своите редови ќе вклучат целосна полова рамноправност со застапеност од 50% на жени кандидати за пратенички.

Деновиве во тек се општинските кандидациони постапки. Неофицијално дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ исфрлил тројца можни кандидати за пратеници од кои една е жена. Конечниот збор треба да го дадат повисоките органи на партијата, односно конгресот.

Од извори блиски на СДСМ во Гевгелија дознаваме дека кандидирањето било спроведено од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори од каде биле предложени вкупно 38 кандидати. Од нив 14 ја прифатиле кандидатурата од својата партиска база (меѓу кои 4 се жени) и доставиле изјава дека го прифаќаат кодексот на СДСМ, кандидатурата, мотивационо писмо за учество на изборите и своја биографија. Конечниот избор на кандидат/ка кој/а ќе се впушти во изборната трка за добивање на довербата од граѓаните ќе го утврдат партиските тела во централата на СДСМ.

Гевгелија од почетокот на повеќепартискиот систем редовно има свој претставник во Парламентарниот дом. На почетокот по еден, а од 2006 до 2017 година (11 години по ред)  нашата општина ја претставуваа двајца членови на Парламентот, по еден од двете најголеми партии во државата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ Гевгелија досега имала обезбедено девет пратенички мандати од нашата Општина, а ВМРО-ДПМНЕ само три.
По одржувањето на последните локални избори во септември 2017 година дотогаш актуелниот пратеник од редовите на СДСМ доби мандат за градоначалник и СДСМ Гевгелија остана без свој претставник во Законодавниот дом, но со градоначалник на Општината. Годинава, на вонредните парламентарни избори Општинскаата Организација на СДСМ Гевгелија се подготвува да го обезбеди својот 10-ти по ред мандат во Собранието на РСМ. Широкиот демократски пристап во изборот на победничкиот фаворит само потврдува колку во СДСМ ја почитуваат вољата на членството во постапката за кандидирање на пратеници.

Остануваат уште 20 дена до официјализирање на кандидатите и носителите на изборни листи на партиите кои ќе учествуваат на Вонредните Парламентарни избори 2020, што ќе се одржат на 12 април.

 

Last modified on Сабота, 22 Февруари 2020 - 16:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.