Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Среда, 26 Февруари 2020

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина Дојран најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски при посетата на општина Дојран.
Заедно со него на увид на градежните работи на делницата Нов Дојран - Стар Дојран - Граничен премин Дојран беше и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов во придружба на градоначалникот Анго Ангов.

Градежна механизација веќе е на терен каде се врши поставување на нова асфалтна постилка на регионалниот пат од Нов до Стар Дојран, а ќе се протега се до излезот од државата на Граничен премин Дојран. Истиот нема да се проширува туку само ќе добие нов асфалт, потврди Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, при денешната посета на Дојран.

Градежните работи на патот почнаа од крајот на минатата година, со гребење на коловозот, а новиот асфалт почна да се става пред неколку дена. За овој пат, освен неколкуте дупки кои се отвораа и крпеа секоја зима, жителите немаа поголеми поплаки ниту пак очекуваа дека ќе се најде на листата на патишта за итна рехабилитација, но за тоа останаа реакциите и жалбите за делницата од Богданци до Гевгелија која остана не довршена при ланското асфалтирање на дел од трасата Дојран – Гевгелија.

За овој прект Директор на ЈП за државни патишта Китанов, изјави дека сега се чека на почеток на работите на обиколницата од Богородица до Гевгелија, која наскоро ќе добие изведбено-проектно решение.

При денешната посета на Дојран министерот Горан Сугарески, уште еднаш потсети дека преку Министерството за транспорт и врски се обезбедени околу 800 милиони денари за општина Дојран наменети за локални патишта и улици, како и за водовод и канализација. „Го подготвуваме Дојран за туристичката сезона“, изјави министерот Сугарески.


Last modified on Среда, 26 Февруари 2020 - 17:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.