Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Одложена училишната екскурзија за Италија на учениците од СОУ „Ј.Јосифовски“- Гевгелија

Петок, 28 Февруари 2020

Следејќи ги препораките на Владата, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ, СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија донесе одлука да ја одложи училишната екскурзија за Италија поради тамошното присуство на корона вирусот и големиот број заболени лица.
Имено, кон крајот од мај и почетокот од јуни, учениците од трета година според училишната програма за работа требаше да заминат на екскурзија во Италија. Според договорената програма, учениците на екскурзија во Италија требаше да заминат преку Игуменица и Бари.

Одлуката за одложување на екскурзијата уследи по средбата со учениците и состанокот на Советот на родители, на кој учениците и родителите беа информирани за задолженијата од Министерството за образование и наука за одложување на сите организирани патувања во Италија, како и за другите превентивни мерки за заштита од корона вирусот.

Во овој Средношколски училишен центар, како и во другите Основни училишта во општина Гевгелија веќе се применуваат мерките за превентивна заштита од корона вирусот, како во поглед на едукацијата, така и во примената на хигиенските мерки.


Last modified on Петок, 28 Февруари 2020 - 12:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.