Топ Новости

Три кривични пријави за тројца прекршители поднесе ОВР Гевгелија

Вторник, 03 Март 2020

Одделението за внатрешни работи од Гевгелија поднесе кривични пријави против тројца сомнителни за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавите за истото кривично дело сега осомничените, на возраст од 20, 29 и 53 години го извршиле во период од 2018 и 2019 година. Еве што стои во описот на кривичните пријави:

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ш.(29) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавената, на 06.12.2018 во дворот на семејната куќа во Гевгелија продала хероин на Ј.В. од Гевгелија. На 07.12.2018 полициски службеници извршиле преглед над Ј.В. и ја пронашле дрогата.

Втората кривична пријава што ја поднесе ОВР Гевгелија до Јавното обвинителство е против М.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.07.2019 во Стар Дојран, која спаѓа во надлежност на ОВР Гевгелија, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.

Третата кривична пријава за која јавува МВР, а е поднесена од ОВР гевгелија се однесува против З.М.(53) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и прекурсори“. Пријавениот, на 27.09.2019 во Гевгелија, на место викано „Караорман“, му дал да консумира марихуана на Г.Ј., при што биле откриени од полициски службеници.

По пријавите треба да постапува и одлучува Јавното обвинителство во Гевгелија.


Last modified on Вторник, 03 Март 2020 - 18:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.