Топ Новости

СДСМ со Марија Костадинова - кандидат за пратеник од Гевгелија

Понеделник, 09 Март 2020

СДСМ вечерва на својот 24 партиски Конгрес ги утврди изборните листи за пратеници во сите шест Изборни единици во државата за претстојните Вонредни Парламентарни избори во државата.
Неофицилјално дознаваме дека во понудата за кандидати за која треба да одлучуваат делегатите на вечерашниот Конгрес на СДСМ за Изборната единица 4 во која припаѓа Гевгелија има и кандидат од нашата општина, тоа е Марија Костадинова која е позиционирана на редно место број 6 (шест).
Костадинова е првиот женски кандидат од општината на овие 11ти по ред Парламентарни избори во државата, согласно најавата на СДСМ дека овие избори ќе настапи со целосна родова еднаквост помеѓу двата пола со рамноправно учество на листите (50% : 50%) како на мажите, така и на женските кандидати за пратеници.

Марија Костадинова е актуелен директор на ООУ „Климент Охридски“ од Миравци, долгогодишен образован работник, поранешен член на Советот на општина Гевгелија во минатиот мандат.

Заедно со неа на листата за ИЕ 4 која што ја предводи лидерот на партијата Зоран Заев има уште шест жени, Лолита Ристова од Неготино на р.бр. 9, Драгица Ѓавочанова од Богданци на р.бр. 11, Ивана Лазова од Демир Капија под р.бр.14, Љупка Стојанова од Неготино р.бр.16, Ирена Талеска Попова од Новаци р.бр.18 и Наталија Славеска од Кавадарци со р.бр.20.

На листата за ИЕ 4 има уште три резервирани места (2-ро, 9-то и 13-то) за кандидати за пратеници од коалиционите партнери, кои ако се следи системот 50%:50% за да се задоволи принципот ќе треба да достават кандидати жени.

Конечната одлука штотуку се усвои од делегатите на Конгресот. На 10 минути пред полноќ се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев и ги најави и носителите на листите во шесте изборни единици. Рече дека се ова најизбалансирани понуди на пратеници и најави „Градиме фер и праведно општество. Можеме уште подобро и уште повеќе“.

Last modified on Вторник, 10 Март 2020 - 00:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.