Гевгелија дисциплинирано ги практикува мерките против корона

Понеделник, 16 Март 2020

Општинскиот кризен штаб денеска одржа седница на која од тамошните претставници на државните и Општински органи и институции кои членуваат во штабот беше констатирано дека последните мерки од Владата на Република Северна Македонија во општина Гевгелија целосно и доследно се применуваат.
На граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, патничкиот сообраќај е целосно намален, а во земјата се пропуштаат само наши државјани со кои се врши интервју од страна на граничните полицајци и волонтери на Црвениот крст и кои потпишуваат изјави за самоизолација доколку доаѓаат од високо и средно-ризични земји. Товарниот сообраќај се одвива без проблеми, со напомена дека грчката гранична полиција ја известила нашата дека од 21 до 5 часот наутро ќе биде забранет влез на товарни возила во нашата земја.

Од страна на Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија, сите објекти и кабини на граничниот премин Богородица се дезинфицирани, а ќе бидат дезинфицирани и другите Државни објекти и установи.
По известувањето од министерот за здравство Венко Филипче дека соработката со странските епидемиолози им укажала дека коронавирусот се наоѓа и на асфалт, донесена е одлука во соработка со ЈПКД „Комуналец“ да биде организирана и акција за дезинфекција на сообраќајниците во градот.

Во Општата болница во Гевгелија сите мерки доследно се применуваат, строго се забрнаети сите посети на болни, а во договор со пациентите се одлаагаат закажаните прегледи преку „Мој термин“.

Во Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ минимален е бројот на мигранти кои по краткиот престој се враќаат назад. Истовремено, засилена е контролата за спречување на илегалните преминувања на мигранти преку границата.

Сите угостителски објекти, игротеки, обложувалници и казина на територијата на општина Гевгелија се затворени и се вршат редовни конктроли од страна на Државните пазарни инспектори. На состанокот е побарана засилена контрола, посебно кога станува збор за угостителските објекти во некои населени места. Контролата се врши во соработка и координација со Одделението за внатрешни работи во Гевгелија и Полициската станица во Гевгелија.

Кризниот штаб апелираше на поголема и целосна информираност на граѓаните за мерките и нивната примена да не се верува на шпекулациите, туку на информациите од надлежните Државни органи, во прв ред, Министерството за здравство.
Од страна на Одделението за внатрешни работи се апелира до граѓаните слободно да пријавуваат на дежурниот број 192 за одредени непочитувања на примената на мерките, за лица кои доаѓаат во земјата од ризични подрачја, а не се пријавуваат, за угостителските објекти и игротеки кои не ја почитуваат забраната, појава на илегални мигранти и други појави. Со напомена дека пријавите се анонимни, а целта е да се зголеми колективната безбедност.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, го информираше Кризниот штаб за акцијата на Општина Гевгелија на старите и изнемоштени лица преку мобилни екпипи да им помогне при набавката на прехранбени артикли, средства за лична хигиена, лекови и наплата на сметки.


Last modified on Понеделник, 16 Март 2020 - 18:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.