Затворени границите и аеродромите во РСМ - ГП Богородица празен

Вторник, 17 Март 2020

Ретка слика од Граничниот премин Богородица - празен, без возила. Ова е согласно мерките на Владата на РСМ против заканата од вирусот корона. Затворени се сите гранични премини за влез на странски државјани, освен за наши државјани, претставници на дипломатскиот кор и транспортни возила.
До истекот на денот ќе биде затворен и аеродромот во Скопје, а од вчера важи забраната за затварање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес конференција објави дека во текот на денешниот ден во државата влегле 2.019 лица, а излегле 1.331 лице. За сите кои ја напуштаат државата не може да им се гарантира кога ќе им биде дозволен влез во Македонија, поради состојбата со корона заканата.
Мо моментот МВР организира безбедносен заштитен конвој за влез на околу 200 наши државјани кои беа заглавени на границата меѓу Унгарија и Србија. За нив министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе биде обезбеден групен 14 дневен карантин во касарната „Пепелиште“.

Министерот Филипче ја изнесе и бројката на вкупно заболени, со денеска ново евидентираните тројца позитивни на корова вирусот, вкупно заболени во државата има 26, од кои 17 се на Инфективната клиника во Скопје, а 9 се во Дебар.

МВР ја обезбедува изолацијата на 173 лица кои биле во контакт со некои од заболените во земјава.
Министерството за внатрешни работи од утре (18.03.2020) во функција ги става бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. каде граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

 

Last modified on Вторник, 17 Март 2020 - 15:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.