Топ Новости

Дезинфекција на детските игралишта, улиците, паркиралиштата, јавните површини во Гевгелија

Вторник, 17 Март 2020

Од денеска ЈПКД „Kомуналец“ во соработка со Центарот за јавно здравје - Подрачна единица Гевгелија, а по налог на Општинскиот кризен штаб за спречување на ширење на вирусот корона започнаа со дезинфекција на јавните површини во Гевгелија.
Првата интервенција е направена на детското игралиште на шеталиштето „Маршал Тито“ каде и покрај апелите за седење дома во текот на денот можеше да се забележи присуство на деца кои си играат на лулашките, лизгалките и другите реквизити. Познато е дека вирусот корона може да се задржи и на тврди површини, метални и пластични, повеќе од 9 часа, па престојот и на детските игралиштата не изгледа здравствено безбедно, ако го знаеме овој податок.

Потоа, во текот на денот продолжи дезинфекцијата на целиот простор на централното шеталиште во градот.
Со акцијата што ја изведува ЈПКД „Комуналец“ ќе бидат опфатени прометните улици, паркинзи и други јавни површини во Гевгелија, каде што минуваат повеќе возила и луѓе. Дезиннфекцијата на јавните површини ќе се врши континуирано и стручно согласно упатствата на Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија.

Напоредно, Општинскиот Кризен штаб организира засилена контрола од страна на општинските служби за попречување на групни собирања во училичните дворови од страна на деца и повозрасни кои ги користат јавните простори за дружење надвор од дома, а контроли се вршат и на други јавни простори на кои укажуваат граѓаните дека се мета на посетеност и во ноќните часови. Паралелно се врши дезинфекција и на јавните површини. Акцијата ќе продолжи во континуитет додека трае заканата од корона вирусот, велат од Општинскиот кризен штаб од Гевгелија во кои партиципираат државни и локални институции кои функционираат во Општината.

Оваа мерка за дезинфекција на јавните површини произлезе после објавата на министерот за здравство В. филипче дека испитаните примероци на јавните простори покажале дека корона вирусот го има и на асфалтот, а опстојува на тврди и пластични површини повеќе часови од денот.


Last modified on Вторник, 17 Март 2020 - 19:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.