Парична казна од 2.000 евра за две лица од Валандово, кои по враќањето од Германија не останале во изолација
Јавното обвинителство објави соопштение за уште две потенцијално заразени лица, кои своеволно излегле од изолација, а се однесува за граѓани од Валандово.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија кој е надлежен и за подрачјето и на општина Валандово, денеска до Основниот суд – Гевгелија достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело Непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Во предлогот обвинителството бара лицата да се прогласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000,00 денари за двете лица.
Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Германија, земја со висок ризик на зараза, на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус. Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар“, стпи во Соопштението од ОЈО.
Законот предвидува санкции по член 205 и 206 кои се однесуваат за кривично дело загрозување на јавното здравје, со најстрога мерка и до три години затвор.
Вчера со 50 дневни глоби за истото кривично дело, беше поднесен предлог до Основниот суд Кавадарци за лице од Росоман кое ја напуштило самоизолацијата и заминало на утовар на стока во Струмица.
Во текот на денот Основното јавно обвинителство Гостивар во Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 58 -годишен жител на с. Добридол, обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по