Тестирано медицинско лице во Болница Гевгелија е НЕГАТИВЕН на Корона

Четврток, 19 Март 2020

- „На медицинското лице вработено во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија кое беше тестирано од Корона вирусот (Covid19), пред 15 минути добивме потврдни информации дека тестот е НЕГАТИВЕН!“ - ова го објави градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков кој е воедно и претседател на Општинскиот кризен штаб во Гевгелија.

Тој замоли да не се шири паника меѓу населението. Да останеме дисциплинирани и смирени, во насока на спроведување на мерките за заштита од корона вирусот.

Денешниот настан инаку Цело Интерно одделение во Гевгелија го стави во изолација - се испитуваше присуство на корона вирус, а по добиените негативни резултати се очекува нормализирање на состојбата.

Настанот кој предизвика привремен застој во работата на интерното одделение во Болницата е следен:

Мајка на богданчанка која се вратила од Шпанија, а работи како медицинска сестра во ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија се јавила на работното место, а вработените пријавиле кај надлежните дека е лице кое имало контакт со повратник од земја каде е присутен корона вирусот. Ќерка и' се вратила од Барселона, Шпанија, а тоа е земја која веќе бележи стотици заболени, за жал и смртни случаи од Ковит-19.
Цело интерно каде што работи мајката на вратената од Шпанија, инаку медицинска сестра во ова одделение денеска е во изолација. Се извршија тестирања за корона на целиот медицински персонал и тамошните стационирани болни.

Деновиве откако се на сила мерките против ширењето на корона вирусот во Општа Болница Гевгелија целосно се забранети посетите, прегледите, освен итните хируршки интервенции, а основната терапија за хроничните болни ја препишуваат матичните лекари на веќе постојните утврдени дијагнози од лекар специјалист.

Затоа и препораката: Не одете на лекар, земајте ја својата редовна терапија на време.

За повратничката од Шпанија е наложена строга изолација.

Останува препораката: Седете дома. Надвор за набавка на храна, или лекови излегувајте со маска за уста и ракавици. По враќањето дома фрлете ги маската и ракавиците во корпа за отпадоци со затворен капак. Мијте ги детално рацете.

Last modified on Четврток, 19 Март 2020 - 19:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.