Топ Новости

Започна онлајн-наставата за учениците во Основните училишта од Гевгелија

Петок, 20 Март 2020

Поради прекинот на наставата во училиштата ширум државата како мерка за спречување на ширење на корона вирусот и воведената вонредна состојба која ќе трае 30 денови, општинските основни училишта по препораки на Министерството за образование се подготвија за спроведување онлајн-настава за учениците кои седат дома.
Во Гевгелија наставниците веќе започнаа организирано одржување на онлајн-настава додека се нормализира состојбата предизвикана со Корона вирусот. Ваквата неформална настава, уследи по состанокот на Градоначалникот на општина Гевгелија со директорите на Основните училишта, како и повикот на на министерот за образование и наука, Арбер Адеми за организирање прививремена неформална онлајн-едукација.

Наставниците ќе користат линкови за онлајн-учење, социјални мрежи и други начини на комуникација. Ќе испраќаат задачи за решавање, лекции за учење, лектири за обработка, теми, задачи по сите предмети со поврат од учениците за сработеното. Обврска на учениците е редовно да ги следат објавите од наставниците во своите групи на паралелката.

Од Училиштата упатуваат поракa и до родителите и до учениците: - „Да продолжат да се интересираат и да ги почитуваат препораките, а децата да седат дома, да учат по електронски пат и надвор да не излегуваат, освен во случаи ако е неопходно“.

- „Сите наставници од нашето училиште слободно ќе користат алтернативен начин за продолжување на образовниот процес, сè додека не се смири ситуацијата со коронавирусот. Министерот за образование ги посочува бесплатните апликации, и едукативната програма на МТВ наречена ТВ-училница, каде на трите канали почнаа да се емитуваат лекции по сите предмети кои се учат во школите.
Упатуваме поракa до родителите – да продолжат да се интересираат, и да ги почитуваат препораките, и до учениците – да седат дома, да учат по електронски пат и надвор да излегуваат само ако е неопходно.
Наставниците ќе користат линкови за онлајн-учење, социјални мрежи и други начини на комуникација. Ќе испраќаат задачи за решавање, лекции за учење, лектири за обработка, теми, задачи по сите предмети со поврат од учениците за сработеното“, вели директорот на ООУ „Крсте Мисирков' од Гевгелија.

Училиштата преку социјалните медиуми ги информираа учениците да се вклучат во следењето на онлајн наставата. Ако сте го пропуштиле известувањето време е да го подготвите вашиот ученик дома да се приклучи на онлајн платформата на својот наставник.

Last modified on Петок, 20 Март 2020 - 15:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.