Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Дожлива и ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 22 km/h

Понеделник, 23 Март 2020

Третиот ден од пролетта дождот и ветрот со утринска температура од 3 степени целзиусови во Гевгелија како да сакаат да не' потсетат каква е зимата, таа која што календарски замина без ниту еден снежен зимски ден.
Денот започа во 05:27 часот, 33 минути пред завршувањето на „полицискиот час“ воведен заради спречување на ширењето на корона вирусот.
Ветрот кој дува од северозападен правец е со јачина од 8,5 метри во секунда, со тенденција на засилување до 9,4 метри во секунда, што е еднакво на брзина од 22 километри во секунда и ќе биде присутен речиси преку целиот ден. Дури после 20 часот ќе продолжи да дува умерен ветер, а до 23 часот ќе дува слаб ветер од северен правец.
Температурата ќе се искачи до 8-от степен над нулата, со воздушен пристисок од 1.017 hPa, што е доволен повод хроничните болни и метеопатите да почувствуваат некаква главоболка, покачен крвен притисок, срцеви тегоби. Ветовитото и дожливо време ќе биде мотив повеќе да ја испочитуваме препораката за седење дома, избегнување контакти во јавни простори, со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

Училиштата се затворени, градинките, дневните центри исто така, од вчера затворени се и парковите, забавните катчиња за децата, со цел да се спречи јавното собирање на граѓаните.
Полицискиот час заврши. Ако сте на работа имајте пријатен ден и почитувајте ја дистанцата од 2 метри растојание со соработникот до вас. Мијте раце и почитувајте ги мерките за заштита на своето и јавното здравје.
Возрасните групи над 65 години, бремените жени и лицата со попреченост можат да излезат да испазаруват продукти за храна и лекови во периодот од 07-09 часот. Остатокот од денот им е наложено, според мерките за заштита од корона, да седат дома.

Денот заоѓа во 17:45 часот и ќе трае 738 минути, или 12 часа и 18 минути.
Уживајте во денешната слика на пролетниот ветровит зимски потсетник и чувајте го здравјето.


Last modified on Понеделник, 23 Март 2020 - 06:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.