Топ Новости

Забранет пристап до сите детски игралишта, спортски терени и јавни рекреативни места во Гевгелија

Понеделник, 23 Март 2020

По мерките на Владата за заштита од корона вирусот и насоките кои ги превзеде Општинскиот кризен штаб од Гевгелија, од вчера затворени се за употреба сите детски игралишта во Општината кои се наоѓаат во училишните дворови, но и надвор на јавни површини на веќе познати локации (тениски, ракометни, кошаркарски, фудбалски), потоа рекреативните терени во месностите Динќут, Вардарски Рид, градскиот парк кај Железничка Станица и други јавни површини.

Во текот на вчерашниот ден тие беа обележани со ленти за забранет влез, со цел видливо да им се предочи на упатените посетители дека не се добредојдени.
И покрај редовната дезинфекција на овие јавни простори од страна на ЈПКД „Комуналец“, од страна на СЗО беше посочено дека вирусот корона може да се задржи на метални или пластични материјали (а игралиштата и забавните паркови за деца се наплавени токму од такви материјали) повеќе од 9 до 12 часови во текот на денот.
Никој од надлежните после еднодневната дезинфекција на игралиштата не може да гарантира дека после употреба на игралиштето од носител (незнаен) на корона вирусот не може да биде заразен и следниот посетител на игралиштето, или паркот, докека се изврши следната дезинфекција на ваквите отворени јавни простори за рекреација.
Затоа со одлука на Општинскиот Кризен штаб од Гевгелија таквите објекти и рекреативни места се забранети за употреба од страна на граѓаните и затворени.

Притоа, од Општинскиот Кризен Штаб уште еднаш се апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат и постапуваат според мерките на Владата на РСМ и мерките на Општина Гевгелија за заштита од корона вирусот, а со тоа и спречување на ширење на епидемијата кај нас.

 

Last modified on Понеделник, 23 Март 2020 - 14:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.