Синоќа, додека траеше полицискиот час и забраната за движење на лица како мерка за заштита од короната и намалувањетона контактите меѓу граѓаните за спречување на нејзино ширење, екипите на ЈПКД „Комуналец“ кои излегоа на терен утринава, за изведување на своите секојдневни работни обврски, затекнаа слика на несовесно дивеење над хортикултурните насади и урбани објекти во центарот на градот.
Откорнати се борови насади, откорнети се цвеќиња од жардинериите, искинати се палмини лисја, превртени се украсните жардинери и огради на угостителските објекти во центарот, откорнати бетонски жардињери.
Некој се потрудил со сила да покаже дека е лут на полицискиот час, дека градот спие, граѓаните дома, а тој сам.
Светот сепак не' предупреди на опасноста од корона пандемија, а не на урбана шизофренија.
Граѓаните со резигнација коментираат:
- „Штета што короната напаѓа постара популација, треба да напаѓа имбецилна популација“
- „Не корона, метеор треба да не' погоде“
- „Драконски казни, мерки и ќотек“ - се дел од коментарите на гевгеличани за ваквото несовесно дивеење на засега непознатиот сторител/ли.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/4888-diveenje-vo-gevgelija.html#sigProGalleria97a7a73bfa
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран