Додека тече полицискиот час во Гевгелија и во целата држава, ја известуваме јавноста дека сторителот на синоќешното дивеење е идентификуван од страна на ОВР Гевгелија и истиот бидејќи е констатирано дека е лице со нарушено ментално здравје, денеска попладе е хоспитализиран во Психијатриската Болница Негорци.
Лицето е долгогодишен пациент на оваа Јавна здравствена установа (повеќе од две децении, со прекини) кое по подобрувањето на состојбата во повеќе наврати е пуштан на домашно лекување и редовна посета на дневниот центар за ментално здравје како мерка за хуман однос и социјализација на таквите болни.
Дежурниот д-р специјалист психијатар при ЈЗУ „Психијатриска Болница Негорци“ од Негорци го примил болниот во 12:55 часот денеска и издадена му е соодветна терапија. За мотивот на синоќешниот инцидент се претпоставува дека е немарност, не редовно примање на лекарствата кои за него се од траен карактер, велат од Болницата. Инаку, ова е прв ваков инцидент од страна на сторителот, (болното лице), познат по својата мирољубивост и дружељубивост со гевгеличани.
Бидејќи настанот, кршењето и оштетувањето на јавно и приватно добро во центарот на Гевгелија за време на периодот додека траеше забраната за движење (т.н. полициски час) содржи два прекршока: непридржувањето на полицискиот час и оштетувањето на материјални добра, ОВР Гевгелија против сторителот ќе подготви соодветни поднесоци до надлежните органи.
За тежината на делото ќе се произнесе полицијата, а за тежината на здравствената состојба на сторителот докторите специјалисти. Доколку се утврди прекршочна одговорност можно е лицето да добие казнена мерка „задолжително психијатриско лекување“ во специјализирана здравствена установа во траење од неколку месеци, или година/и, а доколку се утврди кривична одговорност можно е таквата мерка на лекување да биде изречена за доживотен третман.
Во текот на наредните денови специјалистите психијатри ќе ја утврдат неговата здравствена состојба, а ОВР Гевгелија степенот на одговорност по кој ќе бара од надлежните органи соодветна постапка.
Ова известување од GevgelijaNET е со цел да ја оставиме Гевгелија вечерва мирна, да ги почитуваме мерките за забрана на движење, да се осврнеме на своите дома во семејството и заедно да ја надминеме оваа корона „психоза“ која речиси еден месец ја оптоварува државата, а повеќе од три месеци светот. Разговарајте со своите дома, внесете ведрина, намалете ја напнатоста меѓу себе зошто секој стрес носи влошување на општото здравје и нашиот имунитет.
Пријатна ноќ во третиот вечерен полициски час. Седете мирно дома со своите.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по