Филипче: Забраната за јавни собири важи за сите - МПЦ да не повикува на литургии на отворено

Среда, 25 Март 2020

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес конференција на прашање на новинар кој тврди дека МПЦ упатувала повик за литургии на отворено со растојание меѓу верниците, одговори дека наредбата на Владата за забранување на јавни собири важи за сите и за МПЦ и дека евентуалните такви обиди за собири ќе бидат санкционирани.

Ваквото прашање уследи по денешната објава на фотографии и видеа од Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија каде локални свештеници качени на товарно возило најпрво држат литургија за осветување на света вода, а потоа со истото возило се возат низ улиците и ги прскат со светата вода за да го избркале корона вирусот.
Кај голем дел од јавноста ова наиде на жестоки реакции и осуда, особено од фактот што на истиот прес на Министерот за здравство денеска беше објавено дека продолжува локалната трансмисија (ширењето) на вирусот корона меѓу граѓани носители кон граѓани кои контактирале со нив. Така денеска бројот на заболени во Куманово од вчерашните 9 порасна на нови три случаи и вкупно 11 заболени од „Ковид-19“ и нови заболени во градовите Велес и Прилеп, со контакт со лице заболено од „Македонски шуми“.

Ваква литургија денеска се одржа и во Црквата „Св Спас“ во Гевгелија од каде тргна возилото со осветена вода и тамошните свештеници. Верниците се заблагодаруваат за благословот, а други на социјалните мрежи им укажуваат за неисправноста на постапката која е спротивно на мерките на Владата и Комисијата за заразни болести за забрана за собирање на јавни места на лица повеќе од 5-мина. Особено и на фактот што короната е здравствен проблем, кој не се лечи со молитва.
Еве дел од коментарите на гевгеличани:

- „Црквата госпожа, ако саке да помогне наместо да ва собире уф време ко не е дозволано собирајне,ки донире уф медицинска опрема-маски,ракавици или било шо друго потребно за вистинска борба против вирусот.Црквата дури има и доволно пари да купе и по некуј респиратор.И така поповите не плаќат даноци на ваа држава ама ко са болни не са молат уф црквата да оздрават него трчат по болници.Барем некуј ќар да имат граѓаните од црквата“, реагира Н.А.
- „Продлжејте да са понаште неодговорно и себично,па ни Господ,ни литургии,ни пророштва,ни Исус ќе ви помогне.Воа не се лече со света вода и со амин и уништи во коментаре,туку со седење дом“, реагира Д.М.

Во Гевгелија од Институтот за јавно здравје денеска изјавија дека има 250 лица во самоизолација, кои се вратиле од странски држави каде веќе бил присутен корона вирусот. Колкава е сигурноста за одржувањето на 100% изолација на овие лица, нивната дисциплина, има ли полицијата 250 полицајци по три смени, што е еднакво на 750 припадници на полициските сили, за нивно надгледување и да се гарантира дека истите се придржуваат на мерките за самоизолација? Тоа се прашања на кои не' упатува недисциплината на гевгеличани кон непридржувањето на мерките против ширењето на корона вирусот.

Гевгелија, не си ја предизвикувај епидемијата!

Last modified on Среда, 25 Март 2020 - 22:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.