Топ Новости

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Четврток, 26 Март 2020

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека Основните Јавни обвинителства во девет градови од државата меѓу кои и Гевгелија поднесени се 26 предлози до Судовите за изрекување парични казни за прекршителите на мерките за спречување на ширењето на вирусот корона. Од сите Основни Јавни обвинителства издадени се предлози за парични налози и тоа во Радовиш (4), Свети Николе (3), Дебар (2), Ресен (3), Гостивар (4) и Скопје (1), а по бројот на казните предничи ОЈО Гевгелија, која побара парични казни за девет (9) лица од Гевгелија, што е 34,5 % од непочитувачите на мерките во државата. 

Еве за какви предлог казни до Судот денеска извести ОЈО Гевгелија:
„Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Чертворица од нив, допатувале на 18 март во Република Северна Македонија од Р.Грција, Р.Турција и Р.Бугарија како земји со среден или висок ризик за зараза согласно Листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19 и потпишале изјави за самоизолација. При извршена проверка од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело. Обвинителството за секој од обвинетите предложи на судот да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност“. Тоа е 2.000 евра по едно лице сторител (н.з.).

Пет лица во Гевгелија ја прекршиле Одлуката на Владата на Р.С.Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. За секое од петте обвинети лица обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност“, се вели во соопштението на ОЈО Гевгелија. Конкретно, за овие пет прекршители глобата е 1.000 евра по лице-прекршител.

Денешниот непосакуван рекорд на прекршители во Гевгелија е евидентен, ако споредиме дека само во текот на синоќешниот полициски час во државата се изречени 66 забрани и 37 приведувања на прекршители на забраната за движење како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.


Last modified on Четврток, 26 Март 2020 - 16:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.