Идентификувани 34 играорци од „Велигденското оро“ во Гевгелија

Четврток, 23 Април 2020

Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со настанот во Гевгелија од неделата 19 април, кога на првиот Велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски“ се играше оро за време на најдолгиот полициски час во државата соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица учесници на настанот.

СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности со цел целосно расчистување и документирање на настанот се вели во соопштението.

Со новоидентификуваните лица во текот на денешниот ден ќе бидат обавени службени разговори во станицата во Гевгелија, а полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот.

По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија со чија што координација се води целата постапка.


Last modified on Четврток, 23 Април 2020 - 14:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.