Тешка сообраќајка на автопатот Смоквица - Гевгелија

Петок, 24 Април 2020

Денес на автопатот Смоквица - Гевгелија во близина на Мрзенци се случи трагична сообраќајна несреќа со кобен исход во која животот го загубија двајца млади струмичани. Времето на несреќата е евидентирано во 13:20 минути, а учесници во сообраќајката се два мотора, управувани од 22 годишниот Ј.Ј. и 35 годишниот А.Ѓ.

Увид на лице место на несреќата изврши стручна екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од гевгелиското Обвинителство. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, стои во соопштението од СВР Струмица.

Младите животи кои згаснаа на автопатот Смоквица - Гевгелија се од Добрејци (Ј.Ј) и Раброво (А.Ѓ) Општина Струмица.

Ова е втора по ред тешка сообраќајна несреќа со моторцикл во реонот на надлежност на ОВР Гевгелија во период од две недели. Првата беше тешка сообраќајна несреќа во центарот на Богданци каде се здоби со тешки телесни повреди 57 годишен жител на Богданци.

 

 

Last modified on Петок, 24 Април 2020 - 19:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.