Донирани компјутери за ученици од ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Сабота, 25 Април 2020

Шест семејства со ученици од основно образование од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци, заедно со подрачните училишта од Милетково и Смоквица, добија донација „персонален компјутер“ за потребите на следење на он-лајн наставата за време на корона епидемијата додека се училиштата затворени.
Компјутерската опрема, куќиште, монитор, тастатура, приклучоци и маус, лично им ја достави на своите ученици директорката на ООУ од Миравци, Марија Костадинова. Таа беше и иницијатор на оваа акција која ќе продолжи да се изведува и во Општинските основни училишта во Гевгелија и Негорци.

- „Со почетокот на изведбата на он-лајн наставата за учениците увидовме дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете ученик. Предложивме да се соберат донации од фирми, или домашни персонални компјутери на кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација. За тоа добивме поддршка од локални фирми, а за техничките дотерувања добивме бесплатна услуга од фирмата „Штеф компани“ од Гевгелија. Така ги задоволивме потребите на шест семејства со малолетни деца ученици опфатени во основното образование. Засега, иако има по 2 до три деца во семејството, ги задоволуваме потребите од еден персонален компјутер, а ако се приклучат на акцијата повеќе општествено одговорни компании ќе можеме да донираме и компјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство, кое има деца ученици од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование“, изјави за GevgelijaNET Марија Костадинова.

Акцијата беше одобрена на заеднички он-лајн состанок одржан минатата недела со директорите на Општинските основни училишта во координација со советникот за образование при Општина Гевгелија, Катерина Ашикова.
Посетата на семејствата со вредниот подарок од заедницата ја остварија заедно со членови на Комисијата за образование и култура при Општина Гевгелија, претседателката Елизабета Јаневска и членот Пепи Стојанов, и двајцата членови на Советот на општина Гевгелија.

Од комисијата апелираат доколку има лица, или фирми со персонален компјутер кој не го користат да се обратат до општинските основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ и ако не се во функција, техничката поддршка ќе биде обезбедена бесплатно, а компјутерот ќе усреќи некое друго дете-учениче кое дома не може да следи настава без ова технолошко средство на модерното време.

Погледнете ги овие насмевки во галеријата подолу. Можеби ќе се сетите дали имате дома, или во канцеларија компјутер кој веќе не го користите, а некому би му донел нагледно средство, средство за комуникација и учење на наставното градиво.

Да бидеме хумани. Да си помогнеме во корона кризата сите заедно!


Last modified on Сабота, 25 Април 2020 - 12:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.