Гевгеличани молчаливо и без депресии за време на пандемијата

Понеделник, 04 Мај 2020

Заклучно со 25 април Гевгелија го затвори кластерот со корона вирус, но животот во вонредна состојба прогласена на ниво на цела држава продолжува и понатаму веќе 47 дена, а денеска е 69-от ден како коронавирусот е присутен во државата.

Првата мерка затварањето на училиштата, градинките и изолацијата, како и новите мерки кои ги донесе тимот здравствени експерти од Комисијата за заразни болести придонесуваа за се' порестирктивна контактибилност меѓу граѓаните, седење дома, повеќечасовни забрани за движења, односно промена на животот и животниот тек и навиките.

Токму поради тоа светот предупреди за можни семејни нарушувања во форма на насилства, а вчера ОБСЕ во својот извештај најави дека за време на пандемијата забележан е зголемен број на семејни насилства во кои најчести жртви се жените, децата, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани.
Заради сузбивање на таквите појави Министерството за здравство отвори телефонски линии за психолошка помош, а Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија ги стави достапни телефоните на своите членови-психолози за пружање стручна помош на оние кои ќе ја побараат.
Телефоните беа достапни од 8 април и се' уште се во функција, а GevgelijaNET праша колку гевгеличани се чувствуваа ранливо за време на епидемијата и побараа помош?

Од ЗГ „Поддршка“ ни одговорија дека имало неколку јавувања, како од Гевгелија, така и од соседните општини, но бројот на побарана помош не ја отсликува целосно психолошката состојба на граѓаните соочени со изолацијата, пандемијата и со денови седењето дома.

- „После објавувањето на телефоните на ЗГ „Поддршка“ од Гевгелија, очекувавме искрено поголем број на јавувања и барања за помош. Лицата кои се јавија беа во мал број. Имаше неколку јавувања со барање на информации за своите проблеми и каде и во кои институции да се обратат. Имаше неколку јавувања на лица зависници (нивните родители) кои бараа помош во однос на своите блиски и како да се справат со нив во овие услови на пандемија. Имаше јавувања на лица кои се со ментални проблеми (депресија) и бараа покрај разговорите и лични контакти. На овие лица им препорачавме лекарска помош од психијатар и истата беше одбиена заради стигматизацијата и од тоа „што ќе кажат луѓето ако ме видат кај психијатар“. Се' на се', може да се каже дека гевгеличани не се спремни да ја користат бесплатната помош и поддршка по телефон и дека тие сеуште се плашат да не бидат откриени?????“ - одговори GevgelijaNET претседателката на ЗГ „Поддршка“ Виолета Праматарова Христова.

Таа смета дека гевгеличани се отворени да комуницираат за секој вид здравствен проблем и да побарат помош, но дека психолошките состојби се скриена приказна во семејството, како наследена предрасуда дека жртвите се предодредени да молчат.

- „Доколку имаат проблем со стомакот, имаат забоболка, со главоболка или било што и да е, тие без размислување ќе побараат помош од својот матичен или друг лекар. Но, кога имаат проблеми од психичка природа, кога имаат несоница, без причина се вознемирени, имаат скриен и перманентен стрес, страв, нерасположение и сл. тие не се осудуваат да побараат помош од професионалци заради своите предрасуди, но и поради стравот од стигматизација (обележување од средината, н.з.).
Не дека немаат проблеми, не дека не се соочуваат со безброј несакани мисли, расположенија и присилни идеи (понекогаш суицидални) сепак, истите ги потискаат и ставаат некаде на страна. Истите тие проблеми ставени на страна, ако не се решени тлеат постојано и можат да се претворат во симптоми и реакции кои не се сакани и пријатни за луѓето околу нив: а то се агресија, вербално и невербално насилство кон блиските и кон себе, депресивно однесување, повлекување во себе, неприродно однесување, запоставување на своите родителски обврски, семејно насилство, бегање во болест и слично“ вели психологот Христова.

Како причина за таквото однесување (избегнувањето на психолошка помош) ги наведува предрасудите, наметнатите (ненаучни, неетички, нехумани) верувања наметнати со години од постарите генерации и залажувањето дека „ништо не ни е“, глумењето во средината дека немаме никакви потешкотии.

- „Менталитетот на луѓето во оваа средина, културата, навиките, начинот на живеење и комуникација со луѓето како и востановените предрасуди и начин на размислување и реагирање се доминантни и не прават „јаки“, „отпорни“, „силни“, „без никакви емоционални потешкотии“ и сл. Ова воедно се должи и на невоспоставената пракса да се побара помош за емоционалните проблеми како и недоволното афирмирање, „рекламирање“ и „наметнување“ на овие професионалци (психолози, психијатри) и вештините кои ги поседуваат како и видот на помошта која може да ја дадат“ оценува Праматарова Христова.

Токму заради тоа таа верува дека психолошката „леснотија“ од пандемијата која ја покажуваат гевгеличани е прикриена во менталитетот на непризнавање на проблемите. Затоа смета дека е потребно во иднина да се стави акцент на оваа проблематика и поактивно да се дикутира за неа низ медиумите.

Дека Гевгелија нема насилства за време на вонредната состојба покажува и извештајот на СВР од регионите. Скопје, Штип, Тетово имаат пријави за семејно насилство, во СВР Гевгелија ниту еден регистриран случај.

Браво за гевгеличани. Се надеваме дека нема прикриени модрици и прикриени скршени души кои молчат затворени дома.


Last modified on Понеделник, 04 Мај 2020 - 22:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.