Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Се санираат заедничките простории од опожарената зграда во Гевгелија

Недела, 10 Мај 2020

По санацијата на кровот на опожарената зграда од улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија на ред дојде санацијата, обновата и варосувањето на заедничките простории од двата влеза на зградата.
Неделава започна белењето на ѕидовите од ходниците, скалите, обојувањето со заштитна мрсна боја на ударните површини од ѕидовите на скалилата. Се фарба оградата, а на места истата се санира, поради оштетувања за време на пожарот.
Бидејки се работи од првиот до последниот кат на сите шест ката од по 18 стана, во двата постојни веза од зградата, пред сите 36 станови од истата ќе бидат исфарбани и надворешните врати од становите. За крај од акцијата ќе се постават и нови влезни врати на двата влеза на зградата.

Целиот процес на санација на заедничките простории е финансиски покриен од хуманитарните средства собрани од годинашниот Коледарски хепенинг 2020, кој организаторот, СДММ Гевгелија го посвети, покрај традиционалната коледарска забава, и со собирање хуманитарни прилози од присутните за потребите за станарите од опожарената зграда од 30 јули минатата година.

Претходните месеци, во февруари беше завршена кровната конструкција на зградата со хуманитарните прилози од солидарните граѓани на Гевгелија.
Наредните месеци следуваше акција на ЈПКД „Комуналец“ кој реализираше изведување на нова водоводна и одводна инсталација во домовите на оштетените станови.

Се' на се' животот се враќа во нормала, со едно болно искуство за станарите кои ги изгубија своите домови во виорот на огнот кој помогнат со ветерот за половина час ги „проголта“ и претвори во пепел и жгура, како и многуте денови исчекување и прашања „што потоа“.
Потоа следуваше солидарност, која еве уште се преточува на дело во и пред домовите на станарите од зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија.

 

Last modified on Недела, 10 Мај 2020 - 20:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.